Author: НОВА ТВ
Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. -Во период од 06.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 22% биле целосно вакцинирани, односно 7248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78% граѓани, од позитивните на Ковид 19 не биле…
Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think PinkEurope“. -Изминатава година и половина, Ковид-19 пандемијата предизвика сериозни застои кај третманот на сите останати болести. Сега, можеби повеќе од било кога потребна е нашата поддршка за сите оние кои се соочуваат со ракот на дојка. Нашата цел е да испратиме порака…
Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредени локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, соопшти на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од ДЗС. Таа образложи дека тоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт. – Тие граѓани ќе…
Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „проневера во служба“, Управата за финансиска полиција во периодот од март до август годинава извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти, регистрирани за вршење дејност „технички преглед на секаков тип моторни возила“, кои средствата наплатени по основ на комунална, еколошка и патна такса, не ги уплаќале на сметка на државните институции, организации и здруженија, информираше денеска директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Од извршените проверки и контроли констатирано е дека одговорните лица, во правните субјекти за вршење технички преглед, не ги уплаќале законските обврски за наплата во име…
Европската комисија изрази загриженост поради планот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светските првенства на секои две години, објави порталот „Политико“. Истиот извор посочи дека потпретседателот на Комисијата задолжен за поттикнување на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас застанал во одбрана на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин во спорот со ФИФА. – Во целост се согласувам со сомнежите на националните европски фудбалски асоцијации околу можноста за одржување Светско првенство на секои две години. Европа е глобален епицентар на фудбалот и наша должност е да го одржуваме моделот, кој ги почитува интересите на навивачите, играчите и…
радот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди. Како што соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), земјоделците ги препознаваат градот и мразот како најголеми опасности и поради тоа најмногу вложуваат во осигурување од овие ризици. За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна пет милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани. Земјоделци и сточари наплатиле вкупно 162 милиона денари од штети покриени со…
Работев добро со Џорџ В.Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, но не можам да кажам дека започнавме добро со Џо Бајден, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во соопштение, изразувајќи незадоволство од актуелниот американски претседател. „По 19 години на функцијата, не можам да кажам дека постигнавме добра позиција со САД. Тие треба да разберат дека Турција нема да отстапи од договорот за С-400“, вели Ердоган, осврнувајќи се на рускиот систем за противракетна одбрана, што доведе до конфликт меѓу Турција и САД. Запрашан за односот на Турција кон неодамнешните настани во Авганистан, Ердоган го истакна „неуспехот и рамнодушноста на САД кон…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што беа разменети мислења за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на ОН, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, во тој контекст, генералниот секретар Гутереш оддаде признание за покажаната солидарност од страна на Република Северна Македонија со вклучувањето во глобалната хуманитарна акција за привремено прифаќање на граѓани од Авганистан. На средбата, се посочува, беше истакната важноста на Преспанскиот договор,…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на 76 Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Сингапур, Вивијан Балакришнан. Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји и беше изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на мултилатералната соработка, со посебен фокус на Обединетите нации. -Соговорниците се согласија дека организирање на средби на високо и највисоко ниво, ќе даде нов импулс во заемните односи и дополнително ќе отвори нови можности за унапредување на соработката, особено во делот на економијата и инвестициите,…
Во почетокот на октомври Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе објави дефинитивен став за потребата од трета доза вакцина против Ковид-19. Одлуката беше донесена на брифинг за новинари. Докторот Марко Кавалери изјави врвен приоритет за ЕМА останува што повеќе луѓе да бидат целосно вакцинирани, но дека се следат научните анализи за таканаречената „бустер доза“. -Доказите стануваат појасни дека лицата со компромитиран или силно ослабен имунитет ќе имаат потреба од дополнителна доза, рече Кавалери, објаснувајќи дека голем дел од имунокомпромитираните пациенти не е одговараат доволно ефикасно на првите две дози, и дека трета доза на мРНК вакцина може да го зајакне…
Во Музејот на македонска борба за самостојност вечерва започнува четвртото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Манифестацијата ќе започне со беседа за великанот Поповски, отворање на изложба, промоција на книга, врачување награди и поетско читање. Говорот ќе го одржи проф. д-р Кристина Николовска, а со обраќање на директорката на Музејот, Даниела Николова ќе биде отворена изложбата на предмети, документи и фотографии на академик Анте Поповски, коишто претставуваат музејски фонд, кои по повод 90-годишнината од неговото раѓање, по првпат ќе бидат презентирани пред јавноста. Во Музејот вечерва ќе бидат врачени почесното признание „Антева златна книга“ и наградите…
Времето наутро студено, во текот на денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 24 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.…