Author: НОВА ТВ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека само со одржување фер и демократски избори сите во земјава можат да бидат победници. Изборот, рече, е на граѓаните и тие ќе се одлучат за она што мислат дека е најдобро за нив, за нивната општина, за државата. Од носителите на функции во институциите кои се дел извршната власт побара да не ги злоупотребуваат државните ресурси за партиски цели. -Денеска го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори, бидејќи со избори кои се европски ќе победиме сите. Тоа е најважното затоа што сега нема назад. Неколку избори наназад во овие четири години имаме пример…

Read More

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори. Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори. Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА,…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе почне да се спроведува скрининг на учениците во основните и средните училишта во државата. Деновиве, како што напомена, методологијата за овој скрининг ќе биде детално презентирана. -Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека има тука одредена трансмисија, многу мала, меѓутоа сакаме да направиме скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители, додаде Филипче. Тој напомена дека станува збор за правење брзи антигенски тестови за Ковид-19. Детали за овој пристап, како што рече,…

Read More

Трета доза вакцина се препорачува да примат сите граѓани на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возраста и сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба без оглед на возраста. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа се новите препораки на Комитетот за имунизација со чии членови вчера одржал состаноци. Согласно сознанијата кои ги имаме досега, посочи министерот, таа трета доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“. Потенцира дека ќе следат понатаму дали ќе има други препораки за вакцини од други производители. – Сите граѓаните кои примиле втора доза во моментот…

Read More

Подмладоците на 34 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза. – Значењето на оваа Декларација и на денешниот настан е голем пред се за самите млади, за младите политичари, но и државата и општеството во целост, затоа што со оваа Декларација се покажува знаечењето и влијанието на политичките подмладоци во нашето општество, се покажува нивниот легитимитет, кредибилитет, но и капацитет за спроведување на една мирна, фер и демократска кампања, заложби против говорот на омраза и заложби за еден предизборен фер плеј, изјави Билјана Јанева, извршен директор на Институт Охрид, кој беше…

Read More

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија денеска го одбележува 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Во рамки на денешниот ден, Сојузот организира трибина на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Томица Стојановски пред почетокот на трибината го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик и ги поздрави сите глуви лица кои го користат јазикот. – Во светот постојат 72 милиони лица кои го користат овој јазик, најчесто тоа се лица…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) почна постапки за одземање на лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија – Друштвото за производство, трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје. Причината за тоа е што не ги обезбедиле навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите и нe постапиле во целост по претходно донесените одлуки на РКЕ со кои им беа наложени мерки за усогласување на работењето. За снабдувачот со електрична енергија Енергија гас енд пауер…

Read More

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница. Министерот посочи дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства и како што напомена, ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава. -Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се…

Read More

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје. Во вторникот околу 14 часот граѓани пријавиле во СВР Тетово дека забележале како животното само се движи на автопатската делница. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата со возило успева да го сопре коњот, а потоа и да го отстрани од автопатот. Од СВР Тетово потврдуваат дека нивните службеници го тргнале коњот од автопатот со цел безбедно одвивање на сообраќајот. -Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за…

Read More

Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку десетгодишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Ова е еден од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност, а тоа е регулирано со Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа којшто го изготви Министерството за финансии и е усвоен од Владата. Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, за разлика од досега, во случај на финансиска нестабилност, градоначалникот ќе има обврска да изготви Предлог-план на мерки за надминување на финaнсиската нестабилност, информираше министерот за финансии,…

Read More

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.30 часот, го лишиле од слобода Ф.С.(40) од Куманово осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“. – На 21.09.2021 година на улица „Индустриска“ тој со уште едно лице физички го нападнале С.П. и му одзеле пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.

Read More

Следните денови времето ќе биде сончево, со значително повисоки дневни температури. Како што соопшти УХМР, утре ќе биде до 28, а за време на викендот до 32 степена. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до нула степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре максималната температура ќе достигне 28 степени (во Гевгелија), а во Скопје ќе биде 24, додека минималната ќе се движи од нула до четири степени. Во вторник и среда утринските температури ќе бидат од 7 – 15 степени, а дневните постепено…

Read More