Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на знаковниот јазик: Потребна е поголема застапеност на знаковниот јазик и негова стандардизација

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 13:08

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија денеска го одбележува 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Во рамки на денешниот ден, Сојузот организира трибина на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“.

Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Томица Стојановски пред почетокот на трибината го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик и ги поздрави сите глуви лица кои го користат јазикот.

– Во светот постојат 72 милиони лица кои го користат овој јазик, најчесто тоа се лица кои живеат во земјите во развој. Како што англискиот јазик се користи интернационално, така глувите лица користат меѓународен јазик, којшто има ограничена лексика и знаците на меѓународниот знаковен јазик се поедноставни и полесни за разбирање меѓу глувите лица, изјави генералната секретарка на Сојузот на глуви и наглуви лица, Лиза Велкова.

Таа додаде дека во државата има околу 7000 глуви и наглуви лица, од кои целосно глуви се околу 3500 и активно го користат знаковниот јазик.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска истакна дека концептот „Едно општество за сите“ значи вклучување на сите граѓани во редовните секојдневни текови во нашата земја. Шахпаска додаде дека Националниот сојуз на глуви лица ја добива поддршката од Министерството за труд и социјална политика, преку годишната програма за поддршка на невладини организации и национални сојузи за подигање на свеста, како и за подобрување на нивниот стандард.

Законот за знаковен јазик, во нашата земја е усвоен во 2009 година и од тогаш до денес има околу 190 толкувачи на знаковен јазик.

– Тоа секако не е добра бројка, ние како Влада и Министерство правиме напори да го направиме толкувачот достапен на сите лица кои ги адресираат прашањата до органите на државната управа, институции, единици на локална самоуправа, органите на судството, образовни и други институции каде што им се неопходни, додаде министерката.

Министерството за труд и социјална политика изготвува ново законско решение за вработување на лицата со различна попреченост, вклучувајќи ги и глувите и наглуви лица.

Министерката Шахпаска истакна дека се разговара и за различни модели и на кој начин глувите лица ќе бидат вклучени во работниот процес, со цел да можат да заработуваат за сопствена егзистенција и да бидат независни во системот.

– Тоа што го испорачавме во социјалната реформа е посебниот додаток што го примаат овие граѓани во државата. Вкупно на број ги има околу 7000, но тоа што исто така како новина го работиме во Министерството е да правиме инклузија на децата на предучилишна возраст. Во моментов работиме на анализата на вкупниот број дечиња, до шест години кои имаат или сериозно оштетување на звукот или се глуви, за да можат секојдневно да бидат присутни во градинките. При тоа правиме анализа на бројот на достапни толкувачи на знаковен јазик, за да може нивната инклузија во предучилишни образовни установи да биде на ист начин како и за останатите деца, појасни таа.

Спасе Додевски, координатор за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост истакна дека Владата има основна обврска и задачи да координира и соработува на дневно ниво со сојузите и организациите на лицата со попреченост.

– Ние досега имаме остварено огромен број на придобивки во изминатите години, така што имаме основна обврска да ги доближиме потребите за социјалната инклузија на лицата со попреченост во нашата заедница. Јас се надевам дека пред нас претстои уште многу работа и придобивки што треба да ги оствариме, а тоа го ветува досегашната блиска и добра соработка со Националниот сојуз, додаде тој.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик продолжи со трибината на која се дискутираат важни прашања за глувите и наглуви лица, односно нивната социјална положба, невработеноста, како и застапеноста на знаковниот јазик во државата.

Знаковен јазик МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.