Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Десетгодишна структурна обврзница за фискална консолидација на општините

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 12:08

Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку десетгодишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Ова е еден од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност, а тоа е регулирано со Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа којшто го изготви Министерството за финансии и е усвоен од Владата.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително, за разлика од досега, во случај на финансиска нестабилност, градоначалникот ќе има обврска да изготви Предлог-план на мерки за надминување на финaнсиската нестабилност, информираше министерот за финансии, Фатмир Бесими, на прес-конференција на којашто беше промовиран Законот како дел од реформата за унапредување на фискалната децентрализација. На оваа реформа Министерството за финансии работи од почетокот на годинава.

-Првиот инструмент – Условен кредит, ќе го издава Министерството за финансии. Тој е со времетраење до 10 години. Вториот инструмент – Бескаматна општинска обврзница, е со рок на достасување исто како и првиот инструмент до 10 години. Бескаматната општинска обврзница ќе се издава по донесување акт за одобрување на емисијата на хартии од вредност од страна на Комисијата за хартии од вредност. Третиот инструмент – Структурна обврзница, ќе се издава од страна на Министерството за финансии на барање на општината, истакна министерот Бесими.

За користење на еден од инструментите, општината ќе доставува барање до Министерството за финансии врз основа на Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Барањето ќе содржи податоци за потребниот износ на финансиски средства и можноста за користење на еден од инструментите.

Наспроти досегашната обврска градоначалникот да прогласи финансиска нестабилност, како предуслов за почнување на постапката на финансиска нестабилност во општината, а согласно предложените измени на Законот, финансиската нестабилност настанува по сила на закон со денот на исполнување на еден од условите пропишани во Законот, без да се чека на донесување одлука од страна на градоначалникот.

Веднаш по настапувањето на финансиската нестабилност, Советот на општината, на предлог на градоначалникот, носи План на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Мерките опфаќаат ограничувања на градоначалникот во поглед на користењето на општинските средства по повеќе основи, а се со цел рационално користење на средствата и надминување на финансиската нестабилност. Планот транспарентно се објавува на веб-страницата на општината со цел запознавање на пошироката јавност. Министерството за финансии ќе го следи спроведувањето на мерките од Планот.

Како дел од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, а во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидени се и мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност, издавање општински обврзници и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Бесими консолидација општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.