Author: НОВА ТВ
Министерството за образование и наука информира дека објави повторени конкурси за доделување на стипендиите наменети за ученици кои се запишани во дуални паралелки и за стипендиите за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование заради целосна распределба на фондот на ученички стипендии предвидени за оваа учебна 2021-2022 година. Во Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен фонд на часови, се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1500. Може да аплицираат редовни ученици запишани во дуални паралелки, кои…
Поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, претендира да седне на тренерското место во Барселона. Ова го објави новинарот Жерар Ромеро на Твитер. Како што е наведено во постот на новинарот, 42-годишниот Пирло е најпосакуваниот кандидат за претседател на Каталонците, Жоан Лапорта. На листата се и други кандидати: поранешниот играч на Барселона, Чави и поранешниот тренер на Интер и Јувентус, Антонио Конте. За потсетување, во моментот на чело на Барселона е Роналд Куман. Каталонците освоија осум бода на четири првенствени натпревари во Шпанија и се седми на табелата. Пирло ја започна својата тренерска кариера минатата година во Јувентус, но ја напушти…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1. Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш…
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди на можноста од нова студена војна и ги повика Кина и САД да го поправат својот „целосно нефункционален“ однос пред проблемите меѓу двете суперсили да се прелеат на остатокот од планетата. „Двете големи светски економски сили би требало да соработуваат во областа на климата и поактивно да преговараат за трговијата и технологијата, и покрај политичките несогласувања околу човековите права, економијата, онлајн безбедноста и суверенитетот во Јужното Кинеско Море. За жал, ние имаме само конфликт денес“, рече Гутереш во интервју за Асошиетед прес пред почетокот на Генералното собрание на ОН оваа недела. Тој…
Граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС) на прашање на МИА во врска со тврдењата дека има бојкот на пописот. – Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот, посочуваат од Заводот. Од ДЗС посочуваат дека казни не се пишуваат, бидејќи за тоа нема потреба. – Попишувачите и граѓаните на терен соработуваат одлично, додаваат од Заводот во…
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека односите меѓу неговата земја и Франција се многу силни, пријателски и неуништливи и покрај гневот на Париз поради новиот договор САД-Велика Британија-Австралија. Франција ја откажа средбата меѓу министерката за одбрана Флоренс Парли и британскиот колега Бен Валас што требаше да се одржи оваа недела, бидејќи договорот предизвика тензии меѓу Франција и главните сојузници. „Нашата љубов кон Франција е неизбришлива“, им рече Џонсон на новинарите на пат за Њујорк на Генералното собрание на ОН. Соединетите Американски Држави, Австралија и Велика Британија минатата среда објавија формирање големо партнерство во индо-пацифичката зона за спротивставување на Кина,…
Растот на цените во државата е помал од генералниот раст на цени на светско ниво, тврди премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за време на чествувањето на 75-годишнината од формирањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Тој кажа дека не станува збор за покачување на цените на прехранбените производи, туку и на металните и други производи. -1,8% е инфлацијата во моментов и не очекуваме да е над 2,2%, што би било во рамки на нормалата. Затоа претходно за 13% го намаливме ДДВ-то на електрична енергија за да не влијае на покачување на другите цени. Кај нас цената…
Моралната одговорност за трагедијата во Тетово е испорачана од страна на директорот на болницата, економскиот директор, како и заменикот министер и министерот, кажа премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, за време на чествувањето на 75-годишнината од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Тој повтори дека најпрвин ќе почека истрагата да се заврши, заедно со резултатите од вештачењето, по што ќе одлучи за поднесените оставки. На прашањето дали не постои социјалдемократ да го замени на премиерската функција, откако претходно изјави дека нема да даде оставка за Христијан Мицкоски да дојде на власт, Заев одговори дека никој не…
Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утре и задутре ќе има повремен локален дожд. Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.
Почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, официјално е означен на средба на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од американската Амбасада во земјава. Како што информираат од Секретеријатот за европски прашања, на средбата биле реафирмирани целите на проектот и биле прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласил важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодарил за партнерството и поддршката со…
Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо ги коментираше постапките на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, на Големата награда на Италија. Холанѓанецот не ја провери состојбата на Луис Хамилтон од Мерцедес откако удри во неговиот автомобил. – Го знам Макс. Бевме партнери неколку години, и тој е таков борец, дава максимум на патеката. Мислам дека тој сè уште беше малку разочаран по Силверстоун и тоа придонесе да не биде потолерантен па настана судирот со Хамилтон. Но, ако се случи несреќа и непријателот е повреден, 100 проценти од пилотите ќе се обидат да помогнат. Ако знаеме дека се случило нешто сериозно, тогаш…
Водостојот на повеќето реки низ државата е под просекот за септември, освен Вардар кај Демир Капија, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Значително намалување под просекот имаат реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Црн Дрим кај Ложани. Водостојот на Охридското Езеро изутринава во 7:30 часот бил за 18 сантиметри под просекот во септември, Преспанско Езеро било за 1,65 метри под просекот за овој месец од годината, а Дојранското Езеро било 2,54 метри над просекот за септември, покажуваат дневните мерења на УХМР. Температурата на водата измерена денеска во 7:30 часот на Охридското Езеро изнесувала 20 степени,…