Author: НОВА ТВ

Албанија забележа највисок процент на морталитет во Европа во 2020 година, како резултат на пандемијата со Ковид-19, се наведува во последниот извештај на Европската комисија, пренесуваат албанските медиуми. -Во документот се наведува дека дополнителните смртни случаи во Албанија во текот на 2020 година биле за 27 отсто повеќе од годишниот просек во периодот 2016-2019 година. Овој процент покажува дека смртните случаи во Албанија во текот на минатата година се повеќе од двојно од дополнителните смртни случаи во земјите на Европската унија и повисоки во споредба со земјите од регионот, пренесуваат албанските медиуми. Податоците од извештајот го покажуваат фактот дека Албанија…

Read More

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф ги објасни своите зборови по завршувањето на италијанското Гран при, кога рече дека Макс Верстапен направил „тактички фаул“ во судир со Луис Хамилтон знаејќи дека Британецот ќе победи ако остане напред. – Не, не мислев дека Макс е виновен за инцидентот. Мислам, однадвор може да изгледа како тактички фаул, со оглед на положбата на секој од двајцата возачи. Во иднина не би сакале повторно да гледаме епизоди во кои едниот пилот ќе го исфрли другиот од патеката, бидејќи ова ќе го види како единствена опција. Така да, и двајцата треба да си остават едни…

Read More

Сите вработени во државната администрација во Словенија ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19, а негативниот тест за коронавирус веќе нема да им биде доволен за да дојдат на работа, како и за останатите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката Влада. За да можат да работат, ако досега не се вакцинирани или веќе ја прележале болеста, ќе треба да докажат дека ја примиле првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучиле за вакцината Џонсон и Џонсон, која обезбедува заштита по примена една доза. Одлуката, со која сака да се даде пример за остатокот…

Read More

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по 1. коло од групната фаза на Конференциската лига против ЦСКА Софија објави дека играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини ќе потпише нов договор. Моменталниот договор на 25-годишниот капитен на тимот со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Фудбалерот игра за Рома од 2017 година. Во исто време, тој е „дете“ на клубот, кој го напушти во 2015 година за да се пресели во Сасуоло. На 9 септември беше објавено дека Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома со плата од три милиони евра годишно. Во исто време, клаузулата за откуп на…

Read More

Првиот ден од посетата на САД министерката за одбрана Радмила Шекеринска го помина на средби во Стејт Департментот и во Пентагон. Во Стејт Департментот Шекеринска се сретна со новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, при што беше заклучено дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и оти новата американска администрација сака што поскоро да ја види Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со Унијата, соопшти Министерството за одбрана. Министерката во Стејт Департментот имаше средба и со првиот човек на Бирото за политички и одбранбени прашања Тимоти Алан Бејтс, на која беше реафирмирана американската позиција за стабилен и…

Read More

Гневни поради најавата на претседателот Џо Бајден за договор меѓу САД и Австралија за распоредување американски нуклеарни подморници, француски дипломати денеска во знак на протест откажаа гала вечера во Вашингтон во чест на важен американско-француски историски настан, јави Њујорк тајмс. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се забeлежува криза во односите меѓу двете земји откако францускиот врв изрази фрустрација поради постапката на Вашингтон да заобиколи претходно официјализиран договор меѓу Камбера и Париз во 2016 година за снабдување на Австралија со не толку софистицирани француски подморници. Гала вечерата требаше да се одржи утре во француската амбасада во Вашингтон за…

Read More

Фудбалерот на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке сподели денеска со јавноста дека неговиот татко починал во средата само неколку минути откако 26 – годишниот фудбалер го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони. – По тежок период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампиони, а само неколку минути подоцна мојот многу тешко болен татко почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм, објави Аке на социјалните мрежи. Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во…

Read More

Премиерот Зоран Заев не размислува да поднесе оставка по трагедијата во тетовската модуларна болница, а секое барање на опозицијата за негово отстапување од функцијата, вели, е чисто политикантство. Прашањето дали ќе ја прифати оставката на министерот Венко Филипче, новинарите на премиерот му го поставуваат секој ден, но тој останува на ставот дека ќе донесе одлука за тоа откако ќе завршат форензичките вештачења и ќе се утврдат причините за несреќата. Опозицијата продолжува да бара одговорност, но, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не очекува непристрастна истрага „додека министерот за здравство е таму каде што е, додека неговиот заменик е…

Read More

Останува ризична состојбата со Ковид-19 во државата. Вчера беа регистрирани нови 557 случаи, а повторно најмногу активни има во главниот град. Активни се 12 984 случаи. Поради големиот број на заболени, Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови КОВИД-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји. Како што информираше вчера Министерството за надворешни работи, нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар. За тие кои патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, освен ако се приложи доказ за извршена целосна вакцинација или за прележаност на…

Read More

Шефот на Комисијата за јавни услуги на Зимбабве, Џонатан Вутавунаше денеска ги известил државните службеници дека ако не се вакцинираат против Ковид-19, нема да им биде дозволено да работат и нема да бидат платени. Вутавунаше, потврдил за ДПА дека писмото од 15 септември, во кое им се вели на сите 300.000 државни службеници да се вакцинираат или да останат без плата, е вистинско. – Во согласност со одлуката на Кабинетот, сите државни службеници ќе бидат вакцинирани без одлагање и невакцинираните членови нема да смеат да се јават на должност и нема да се сметаат дека работат, се вели во писмото…

Read More

Коинциденција или не, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, попладнево ја презентираше стратегијата на ЕУ за Индо-Пацификот, неколку часа по најавата за одбранбениот сојуз помеѓу САД, Британија и Австралија во овој регион, јави дописничката на МИА од Брисел. Трилатералниот сојуз, наречен „Аукус“ има за цел да се ограничи влијанието на Кина во Индо-Пацификот, но ниедна земја членка на ЕУ не беше поканета да се приклучи кон оваа иницијатива, што предизвика гнев, посебно во Франција. Имено, Австралија требаше да набави нуклеарни подморници од Париз, но договорот е укинат во последен момент од страна на Канбера во корист на…

Read More

Во рамки на работната посета на Виена, Република Австрија, денеска заменикот-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имал работна средба со Федералната министерка за правда на Република Австрија, Алма Задиќ. На средбата вицепремиерот Николовски ги презентирал тековните и идните владини мерки за борба против корупцијата. Како што соопштија од кабинетот на Николовски, тој ја информирал министерката Задиќ за усвојувањето на Националната програма за усогласување со европското законодавство 2021-2025, и изразил благодарност за поддршката на Австрија на реформскиот процес во Северна Македонија особено во областа на владеењето на правото. – Со…

Read More