Author: Marta Pesevska

322 ден од инвазијата на Русија. Терористичката држава Руска федерација и земја членка на ОБСЕ во текот на оваа ноќ истрела повеќе од 40 ракети на територијата на заедницата Куцуруб, регионот на Миколаев, објави на Твитер украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир. 322nd day since russia invaded. The terrorist state russian federation & member state of the #OSCE fired more than 40 rockets on the territory of Kutsurub community, Mykolaiv region, during this night. #RussiaIsATerroristState 📷@UKRINFORM pic.twitter.com/oo4a160kYE — Larysa Dir (@dir_larysa) January 11, 2023 Ниту една земја во светот нема право да го нарушува суверенитетот/територијалниот интегритет на државите,што е содржано во Повелбата на Обединетите…

Read More

Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове. – Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие празнини, додаде Керхове. На 8 јануари, Кина повторно ги отвори своите граници и го укина карантинот за меѓународни посетители за прв пат по речиси три години, иако земјата се бори со порастот на случаите со коронавирус. Директорот на Здравствената комисија на централната провинција Хенан,…

Read More

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура. Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко…

Read More

Кина денеска првпат по речиси три години повторно ги отвори своите граници и ги укина мерките за карантин за меѓународните посетители, иако земјата се бори со порастот на бројот на заразени луѓе со коронавирус.

Read More

Неверојатниот украински борец во одбрана на Украина од руската инвазија на 24 февруари, кучето Патрон, душкач на мини и експлозиви, на кое му беше врачен медал за посветени услуги од украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега добива анимирана серија – „ Кучето Патрон“, проект кој се спроведува со поддршка на УСАИД и во партнерство со УНИЦЕФ.

Read More

Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека Туркије, која од мај го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО, има барања кои Стокхолм не може и не сака да ги исполни. – Туркије, исто така, потврдува дека го направивме она што рековме дека ќе го направиме, но тие исто така велат дека сакаат работи што не можеме и не сакаме да им ги дадеме. Убедени сме дека Туркије ќе донесе одлука, само не знаеме кога, изјави Кристерсон на Конференцијата за одбрана и безбедност на која присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Кон крајот на декември шведскиот…

Read More

Експертите за вештачка интелигенција предвидуваат дека 2023-та е година на откритија. Прашањето е – дали светот е подготвен за нив? Во 2022 година, моќните генератори на слики како што се Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion) јасно ставија до знаење дека дизајнот и уметничката индустрија се изложени на ризик од масовна автоматизација, што ги натера уметниците да бараат одговори, пишува Келси Пајпер, авторка во Вокс (Vox), чиј текст го обработуваме овде. Едноставно, веќе стана јасно дека деталите за тоа на кој начин учат модерните системи за машинско учење и за тоа како се обучуваат, набрзо станаа популарни прашања. Мета ги објави изданијата и на Блендербот (Blenderbot), што…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Ме обвинуваат дека сум бил близок со власта. И со сдсм. Не би рекол. Јас сум повеќе како Чарлс Буковски. Тој сакал да седи сам во соба со навлечени завеси. Јас исто така, само без навлечени завеси. Сакам кога светлината влегува во мојот дом без чукање. Меѓу зелените ленти на венецијанерите. Таа врска со Буковски не е парадна работа или израз на некаква досетливост. Преодот во неличното како единствен статус во кој може да се допре совршенството на убавината и вистината, според Симон Вејл, се остварува само со исклучително внимание кое е можно единствено во самотија. Тој преод…

Read More