Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вуду кокошките на колективниот транс ја пеат химната

0
By Marta Pesevska on January 8, 2023 КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 8, 2023 12:33

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ме обвинуваат дека сум бил близок со власта.

И со сдсм.

Не би рекол.

Јас сум повеќе како Чарлс Буковски.

Тој сакал да седи сам во соба со навлечени завеси.

Јас исто така, само без навлечени завеси.

Сакам кога светлината влегува во мојот дом без чукање.

Меѓу зелените ленти на венецијанерите.

Таа врска со Буковски не е парадна работа или израз на некаква досетливост.

Преодот во неличното како единствен статус во кој може да се допре совршенството на убавината и вистината, според Симон Вејл, се остварува само со исклучително внимание кое е можно единствено во самотија.

Тој преод никогаш не се остварува кај оној што се смета за член на некој колектив, за дел од некое „ние“.

Луѓето на колективот немаат пристап до неличното, дури и во нижите облици.

Вејл вели дека не ги бива дури ниту за собирање.

И јас, како и другарот Чарлс, едно бреме бев близок со алкохолот, но таа врска, по моја вина, е прекината.

Сега сме само пријатели.

Близок сум со Моника Белучи, тоа сите го знаат.

И со некои други луѓе.

Но, што од тоа?

Јас сум, со слободата на вејловскиот неличен поглед на животот, прилично компромитантна личност во македонските опстојателства.

Всушност, никој не ме сака во својата близина.

Тоа што тие опстојателства се обоени во смрдеа, неразум, злоба, очај, хаос, глупост, безумие и катастрофизам, форсирано произведени во рамките на „специјалната операција против Македонија“, не ги олабавува критериумите за мојата блискост со власта, туку ги заострува. Од моја страна сигурно, а верувам и од страната на власта односно на сдсм и дуи.

Но, да ги оставиме овие објаснувања настрана и да појдеме од претпоставката дека обвинувањата се точни.

Демек дека сум близок со власта и со сдсм.

Врз основа на кои критериуми таа блискост се инкриминира и се полни со криминално, непрофесионално, предавничко, неморално и антинационално значење?

Тие не констатираат дека јас сум близок, туку ме обвинуваат дека сум близок.

За нив близината е криминална, односно велепредавничка.

Јас сум вампир врз основа на таа близина, а власта е тоа врз основа на својата „предавничка политика“, на која Тричковски може да ѝ се закачи како убав бонус.

Негативен, се разбира.

Нели е тоа со кого сум или ќе бидам близок, моја работа?

Што кого боли курац со кого сум јас близок?

Јас, да речеме со никого не се расправам затоа што е близок со оваа или онаа партија, туку само со идиотлукот што го застапува. Тој или партијата на која и е близок. Мојот критериум е вредносен. Тоа што застапувањето и залагањето за идиотлукот и антимакедонизмот и антихуманизмот, за злото во многу злобна форма, што убаво може да се види на сликите од Џејмс Веб но потешко од лицето на местото (хахаха), се поклопува со вмро-дпмне, не значи дека јас сум против нечија блискост со вмро-дпмне, туку сум против отровната емисија што од тука излегува и се шири како сеопшт пораз.

Тоа е, мај свит факес.

Е сега, ќе речете, па и ние те напаѓаме, не затоа што си близок со власта, туку поради тоа што си близок со влада која води лоша политика.

Разликата е битна, јас ги поддржувам генералните политички ориентации на владата врз основа на духовниот статус кој ми овозможува да ја откривам и гледам вистината и убавината в очи. Јас сум се ослободил од себе во тие погледи и затоа тие се вистинити и благородни, дури и тогаш или најмногу тогаш кога се болни, разголувачки, шлакосувачки итн.

Не верувам дека ќе ме разберете.

Придавањето на светост на колективното е обележје на идолатријата и секогаш и секаде тоа е најстрашно злосторство. Вејл вели дека најголемата опасност не е во склоноста на колективот да ја совлада личноста, туку во склоноста на личноста да се струполи и да се стопи во колективот.

Тоа што го правите вие правејќи чварки од сопственото месо во казанот на вмро.

Со други зборови станува збор за драстични разлики.

И затоа јас имам право да зборувам затоа што изнесувам мисли, сознанија и откровенија, излезени од неличносното, а вие можете само да серете, затоа што сте робови или ту мач лични.

Телефонски секретарки.

Зомби.

Вуди кокошки со кои чипираните идиоти мавтаат пред да ви ги скинат шиите.

На сред химната што ја пеете како магариња.

Патриоти на навивање.

Еве на крајот, уште нешто многу важно.

Можеби најважно.

За вас, веројатно, шокирачко:

Владата со која, според идиотите, сум во блиски, да не речам, интимни односи, е последниот остаток од нормалноста на Македонија, таа влада е последната шанса на и за Македонија, нацијата е потоната во потрага по искуството на радикалната дезориентација, како жителите и гостите на Тангер по Втората светска војна, за кои пишува Сонтаг, со тоа што Мароканците за тоа одлепување користеле алкохол, дрога, момчиња, а Македонците ја користат дрогата на вмро и секој ден се предозираат со најевтината, а прилично ефикасна дрога која се прима и се емитира преку секојдневното кокодакање против владата. Раширеноста на таквите расположби покажуваат дека дрогата е прилично добра. Како последица на интензивното перење на мозоците во веш машината на медиумите и се разбира на вмро, нацијата е претворена во наркоманска комуна во која секој за секого има разбирање, но во основа луѓето се рамнодушни, сѐ додека е тука владата да ги опива со своите “антинародни политики, политики против идентитетот и против стандардот.“

Тралалајки што се примаат како причест во црквата на Светите букви.

Обаче, јас ви кажувам: владата и нејзините политики, со сите слабости, се единствениот фокус околу кој македонската нација и граѓанството можат да се спасат.

Мораме да се обединиме околу власта.

Не против.

Тоа, се разбира, бара поголем духовен напор.

Да си против власта е многу просто и атрактивно, особено за простаците.

А тие доминираат.

Тие се бројлери од фармата на вмро.

Но, океј.

Ако вие верувате дека центарот на ротацијата е Жмицко, јас тука не можам да ви помогнам.

Таа црна рупетина ќе ве откачи од моите раце и сите ќе отидете у курац.

Тоа е.


 Извор: FRONTLINЕ
безумие бројлери Влада власт ВМРО-ДПМНЕ глупост дрога катастрофизам чен ста антимакедонизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.