322 ден од инвазијата на Русија. Терористичката држава Руска федерација и земја членка на ОБСЕ во текот на оваа ноќ истрела повеќе од 40 ракети на територијата на заедницата Куцуруб, регионот на Миколаев, објави на Твитер украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир.

Ниту една земја во светот нема право да го нарушува суверенитетот/територијалниот интегритет на државите,што е содржано во Повелбата на Обединетите Нации. Воспоставувањето на вистински и праведен мир за Украина е невозможно без неговиот главен предуслов–целосно повлекување на руските окупаторски сили од Украина, напиша Дир на Твитер.

 

Подготви: Д. Мишев

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА