Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Оливер Спасовски : Да не се заборави и да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието. На денешен ден пред 10 се случи насилството во македонското Собрание, од народот наречено „црн понеделник”, кога како тогашни опозициски пратеници заедно со новинарите бевме исфрлени од собраниската сала од седницата на чиј дневен ред беше Буџетот, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во својата објава министерот посочува дека 24 декември е сведоштво за „матрицата на насилството и криминалот, за матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која кулминираше со тероризам кон државата на 27 април 2017 година”. Но, од…
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во петокот го демантираше извештајот на јапонски весник дека земјата и дала оружје на Русија, откако Белата куќа во четвртокот тврдеше дека Северна Кореја тајно ја снабдувала Русија со артилериски гранати, пренесува Вашингтон Пост.
Рускиот претседател Владимир Путин во четврток го употреби зборот „војна“ за конфликтот во Украина. Ова е негов прв пат во јавноста по 10 месеци од отпочувањето на војната во Украина да направи отстапка од неговиот досега внимателно обликуван опис на инвазијата на Москва како „специјална воена операција“, пренесува Си-Ен-Ен.
Спорот со Хеленик петролеум не е нов, туку стар спор, кој произлегува од Договорот за приватизација на ОКТА и за жал пред да истече тој е раскинат, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во „Само вистина“.
Целосен хаос владееше попладнево на повеќе улици во центарот на Париз, откако полицијата се судри со припадници на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во пукање во францускиот главен град.
„Со информациите кои ги имаме сега не постои опасност и ќе продолжи снабдувањето со природен гас во земјава“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Почина познатиот хрватски музичар и пејач Масимо Савиќ, соопшти неговото семејство. Имаше 60 години.
Собранието на Северна Македонија, попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ ги донесе Дополнетиот буџет за 2023 година, како и законот за негово извршување.
Неизвесно до самиот крај, со два продолжетоци и трка по резултатот со пенали, Аргентина го освои златото на светското фудбалско првенство во Катар. Натпревар кој дoлго ќе се памети заради неизвесниот пресврт на резултатот и водството на Аргентина во првото полувреме. Франција изедничи со пенал и погодок во второто полувреме по што следуваше вистинска драма на теренот. Лионел Меси од позиција пенал ѝ донесе рано водство на Аргентина 1 – 0 во 22 минута. Судијата Шимон Марчинијак му свиреше фаул на Усман Дембеле од Франција кој направи прекршок, кога наместо топката ја погоди ногата на противничкиот играч. Анхел Ди Мариа…
Гледавме финале на Светското првенство какво што само можеме да посакаме, а на крајот по изведувањето на пенали се радуваше Аргентина.
Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута. Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1.
Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока на мостот Близнак, каде има провалија, а со тоа и е загрозена безбедноста на граѓаните.