Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Спасовски: Да не се заборави и да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието

0
By Marta Pesevska on December 24, 2022 ВЕСТИ
Фото извор: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 24, 2022 10:25

Оливер Спасовски : Да не се заборави и  да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието. На денешен ден пред 10 се случи насилството во македонското Собрание, од народот наречено „црн понеделник”, кога како тогашни опозициски пратеници заедно со новинарите бевме исфрлени од собраниската сала од седницата на чиј дневен ред беше Буџетот, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

Во својата објава министерот посочува дека 24 декември е сведоштво за „матрицата на насилството и криминалот, за матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која кулминираше со тероризам кон државата на 27 април 2017 година”.

 

 

 Но, од оваа дистанца 24 декември е и добар индикатор за тектонските промени од тогаш до денес, особено за времето откако раководам со МВР заедно со мојот тим. Полицијата веќе не е заштитник на криминалот, полицијата е сервис на граѓаните, наведува Спасовски.

Спасовски потенцира дека МВР под негово раководство од самиот почеток работи напорно и затоа овој декември „го завршуваме како најбезбедна земја на Западен Балкан”.

 Затоа што испорачавме резултати, нѐ препознаа како кредибилен партнер и лидер во регионот. Затоа што ја етаблиравме македонската полиција како вистински сервис на граѓаните.Затоа што ја вративме довербата на граѓаните во МВР, една од најотворените и најтранспарентни институции, за што сведочат и граѓанските анкети. Според ИРИ, полицијата е во првите три владини институции во кои граѓаните имаат најмногу доверба, пишува министерот. 

Спасовски посочува дека не е помалку важно што МВР ја вратило довербата кај меѓународните партнери во нашиот демократски капацитет и во политиките на добро владеење.

 И да, вчера во Собранието беше усвоен државниот Буџет за идната година без влечење и тепање на пратеници. Туку на достоинствен, европски начин. Овој ден нека остане вечен потсетник на едно поинакво минато време на полициска бруталност и автократски режим – тоа е импулсот за уште посилно да се бориме – за слободата на граѓаните, за правото на одлука во свое име, за правото на слободно изразување и известување. Да не се заборави и никогаш да не се повтори тој „црн понеделник”!, додава министерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

МВР насилство Оливер Спасовски Собрание Црн понеделник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.