Author: Marta Pesevska

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА рече дека се предвидени 800 милиони евра за капитални инвестиции. Премиерот  Ковачевски подвлече дека реализацијата на капиталните расходи во последните две години, достигнува околу 80%,  што во основа е помеѓу подобрите реализации на проекцијата за капиталните расходи во изминатите години.

Read More

Пресметките на Институтот за економски истражувања Finance think говорат дека буџетските приходи во 2023 г. нема да бидат загрозени иако се проектирани високо. Дури и ако се земат предвид најавените даночни измени со кои се очекуват дополнителни 70 милиони евра во буџетот, даночната реформа според нив е само капка во морето. Ако се сузбие сивата економија, во буџетот годишно ќе се слеваат дополнителни 700 милиони евра, значи 10 пати повеќе. Оттука, ако големиот проектиран раст на буџетските приходи имплицира засилена и бескомпромисна борба со сивата економија, тогаш тоа би било за поздравување и ќе значи позитивно скршнување од досегашната патека…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права вели дека човековите права ќе бидат показател за подготвеноста на нашата земја за членство во ЕУ.

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оддржа прес конференција за медиумите за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Read More

На Меѓународниот ден за човекови права 10 Декември во Собранието беше свечено доделено признанието за придонес во областа на човековите права. Оваа година Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ одлучи ова признание да им биде доделено на Ленче Здравкин позната како Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат под прекарот „Космонаутко“

Read More

Европскиот сон е, конечно, остварлив. Во овој период најпотребно е да се обединат општеството и сите политички фактори за остварување на заедничкиот интерес – членство во ЕУ. ЦИВИЛ – Центар за слобода започна нова иницијатива за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија. Иницијативата го носи насловот „Заедно“, според песната на познатиот италијански автор Тото Кутуњо (Insieme), со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Промоцијата на песната „Инсиеме“ на македонски јазик ќе се одржи во вторник, 13 декември, кафе-клуб Мош, со почеток во 12 часот. Влезот е слободен. Со оваа…

Read More

Аналитичарите коментираат дека цените, барем привремено, се ослободени од премии поврзани со геополитички ризици, објави консултантската компанија Агрител, пренесува порталот Agrarheute. Претходните извештаи укажуваа дека светскиот пазар сега е преплавен со украинска, особено руска пченица, а цената ја намали и најавата за рекордна жетва во Австралија, која ја намали загриженоста околу глобалната понуда. Според извештаите, цените на пченицата паѓаат на 300 евра за тон, а на берзата во Чикаго достигнаа годишен минимум или ниво пред руско-украинскиот конфликт. Се чини, сепак, дека приказната е далеку од завршена и дека покрај вообичаените проблеми во зимскиот период, во следните недели се повеќе ќе…

Read More

Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен„Осветлено“ (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска  модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Read More

Како суштествен начин кој треба да обезбеди продлабочена економска соработка со Словенија, Друштвото на македонски и словенечки стопанственици ја посочува потребата од приоретизирање на соработката во оние индустрии, кои што ќе донесат додадена вредност. „Тука би се фокусирал на сите индустриски сектори, кои што се базираат на високи технологии, вештини и знаења“, вели за „Локално“, претседателот на ова Друштво – Војдан Јорданов. Нема дилеми дека бизнисот ќе се втурне во секоја соодветна можност за инвестиција, соработка и развој кога тие ќе се појават, но и дека интересот за поголема соработка мора да биде пресретнат со соодветно поставување…

Read More

Повторно нешто се придвижи и процесот на проширување на Европската унија доби замав, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во главниот град на Албанија Тирана, на состанокот на ЕУ со шесторката од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои имаат аспирации што поскоро да влезат во Унијата. Таа исто така истакна, што не е прв пат,  дека брзината на вклучување зависи од самите кандидати. Наративите од Тирана во домашната јавност се толкуваат како важни политички сигнали дека ЕУ навистина има сериозни намери околу влезот на земјите од Западен Балкан во…

Read More