Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада. Очекувам таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите, рече денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ. Според него, веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела. -Се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки. Доколкку сите политички актери кои учествуваат во владата се на исто ниво на свесност дека оваа влада има приоритет на организирање фер и демократски избори, но и на менаџирање на сите прашања кои ќе…
Европската унија изрази голема загриженост за операциите на специјалните единици на косовската полиција во канцелариите на институциите во општините Драгаш, Печ, Исток и Клина, како и во просториите на невладината организација Центар за мир и толеранција во Приштина и предупреди дека нивното ненадејно затворање ќе има негативни ефекти врз секојдневниот живот и условите за живот на косовските Срби, соопшти портпаролот на ЕУ, Петер Стано, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како член од владината делегација заедно со првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и со Беким Реџепи, заменик министер за транспорт, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св.Спас“. Историјата е сведок дека Гоце Делчев стапува на политичкиот балкански мегдан токму кога неговиот народ, народот на Македонија непоколебливо носи одлука да ја покаже и употреби својата национална зрелост пред Европа и светот. Тој е еден од најсилните поттикнувачи на вековниот стремеж за македонска држава во која сите ќе уживаат човечки права и социјална правда, напиша министерката Костадиновска-Стојчевска…
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер ги обвини косовските власти за поттикнување меѓуетнички тензии со неодамнешните одлуки за забрана на употребата на српскиот динар во земјата, како и со вчерашното запленување на динари и на возилото кое ги превезувало истите за исплаќање на Србите кои се корисници на социјални надоместоци од буџетот на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта им порача на тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават.
Во интервју за Фокус, директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска изрази задоволство од економските резултати на досегашните влади предводени од СДСМ. „СДСМ, не само што покажа иницијатива, СДСМ се докажа како грижлив сојузник на ранливите граѓани, земјоделците, компаниите, и тоа во услови на огромни светски кризи: пандемиска, енергетска и економска. Требаше да се задржат работните места, да се преживее и да се истрае. Ако на тоа се додаде во каква состојба ја затекнавме државата во 2017 година и по економски параметри, тогаш јасно е колкав огромен напор е вложен од оваа влада за да се намалат…
„Моето семејство потекнува од струмичкото село Баница коешто во Втората светска војна било принудено да се пресели во градот Струмица. Уште од мали нозе јас се борев за зачувување на ромскиот идентитет и напредокот на нашата заедница во сите сфери. Токму тоа ме мотивираше во 2019 година да се вклучам во тоа движење“ изјави Кемал Сулејманов, национален лидер на граѓанското политичко движење движење Аваја на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“. Тој додаде дека југоисточниот дел беше заборавен од ромските политички партии се додека не се појави Аваја коешто повикуваше на заеднички интерес и доброто за заедницата. „Оваа…
Се уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
„Синоќа бев сведок на почетокот на дејствувањето на Фондацијата “Ромите за демократија” основана од нашите долгогодишни пријатели и соработници кои имаат јасна идеја за потребата од ромско-македонско заедништво кое ќе донесе добро за сите граѓани на Северна Македонија“ напиша во своја објава на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод синоќешниот настан „Добро за ромите, добро за Северна Македонија“.
„Горд сум поради можноста да зборувам во име на Фондацијата „Роми за демократија“ која е дел од многу поголема трансевропска фондација која се вика „Роми за Европа“ и која ја предводи Жељко Јовановиќ, кој испрати порака за поддршка дека тоа што сите ние колективно го правиме за Ромите треба да биде добро и за Македонија, треба да биде добро и за Западен Балкан, а треба да биде добро и за Европа“, изјави Менсур Халити, основач на Фондацијата Ромите за демократија на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“. Тој додаде дека неговото прво доаѓање во нашата земја било пред…
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека е загрижен поради стапувањето во сила на правилникот на Централната банка на Косово (ЦБК) за укинување на српскиот динар како валута за безготовинско плаќање во земјата и има резерви околу спроведувањето на таа одлука „без да се извршат целосни подготовки“, јави дописникот на МИА од Приштина. По средбата што попладнево ја имаше со косовскиот премиер Албин Курти, американскиот амбасадор изјави пред новинарите дека Вашингтон е загрижен и има резерви во врска со спроведувањето на регулативата на ЦБК и смета дека ова прашање „бара поголема грижа и дијалог“. Тој изрази…
Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) – вели дека за жал, политиката што ја води ВМРО-ДПМНЕ постојано и со години е политика на опструирање и попречување на сите важни демократски процеси за земјата и за сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги тука и изборите. – Неоспорен факт е дека земјава има далеку подобри оценки за организирањето на изборите во годините по падот на автократскиот режим на ВМРО-ДПМНЕ, кој владееше со брутално нарушување на изборните процеси, контрола на медиумите, злоупотреба на буџетот и институциите во функција на изборна пропаганда и притисоци врз гласачите, за што говореа бројни извештаи на…