Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: СДСМ е грижлив сојузник на ранливите категории граѓани

0
By Marta Pesevska on February 4, 2024 ПОЛИТИКА
Сања Лукаревска на денешната трибина „Резултати што прават разлика, на тема инфраструктура што се одржа во Битола.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 4, 2024 12:19

Во интервју за Фокус, директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска изрази задоволство од економските резултати на досегашните влади предводени од СДСМ.

„СДСМ, не само што покажа иницијатива, СДСМ се докажа како грижлив сојузник на ранливите граѓани, земјоделците, компаниите, и тоа во услови на огромни светски кризи: пандемиска, енергетска и економска. Требаше да се задржат работните места, да се преживее и да се истрае. Ако на тоа се додаде во каква состојба ја затекнавме државата во 2017 година и по економски параметри, тогаш јасно е колкав огромен напор е вложен од оваа влада за да се намалат последиците од кризите. И во такви кризни, неизвесни времиња, ги зголемивме платите, пензиите, социјалната помош. Носевме пакети на мерки финансиска помош, кои опозицијата не сакаше ни да ги гласа. Сега работиме на новата програма на СДСМ и анализиравме дека многу од работите што сме ги ветиле во претходната програма, не само што се остварени, туку е направено и многу повеќе од тоа“ порача Лукаревска.

Според неа, она што како партија го реализирале, сега им дозволува простор да се подготвуваат за нови задачи и нови решенија.

„Тоа што можеби не е доволно испромовирано, сепак е факт дека е реализирано, тоа што веќе го набројав, како и огромен број и домашни и странски инвестиции. И тука се бројките, кои неумоливо потврдуваат дека имаме раст во сите сектори. Тоа што сме го реализирале од претходната програма, сега ни дозволува да планираме нови задачи, кои уште повеќе ќе го подигнат квалитетот на живеење“ вели Лукаревска.

Лукаревска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.