Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Не се знае што барале геометри и работници и дали започнува изградбата на Клиничкиот центар. Но, денеска на пладне дошло до инцидент меѓу работниците кои го обезбедуваат просторот и работниците кои ја отстраниле оградата при што интервенирало клиничкото обезбедување Инструменти за премер на просторот и подготовка за околчување, работници кои ја отстрануваат оградата околу дупката на просторот на стара гинекологија. Раздвижено е викендов на местото каде што првично беше предвидено да се гради новиот Клиничкиот центар. Според информации на НОВА, работниците се таму од пред два дена каде интензивно се вршело премер на просторот. Но, утринава дошло до расправија и…
Измените на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз кој денеска требаше да биде разгледан од собраниска комисија е повлечен на барање на министерот Филипче заради неколку збора кои можеле да се толкуваат различно
Станува збор за лек кој не е скап и на светскиот фармацевтски пазар на големо, една ампула чини 32, 82 долари и е за 68 проценти пониска од просечната малопродажна цена која е 103, 63 долари
Случајот со смртта на родилката од Кичево која почина при породување со царски рез во приватната болница Санте Плус ги стави на испит сите: Институциите, лекарите, пациентите, но отвори и многу осетливи прашања за кои е момент да се проговори
Постои лек кој не значи дека ќе спаси живот но, може да помогне во ситуации како во случајот со 15 годишното момче кое почина во текот на давањето на анестезија на Клиниката за трауматологија, изјави во 24 Анализа д-р. Маја Мојсова раководител на КАРИЛ. Таа посочи дека тој лек кој не е нов, но е скап и го нема на Хируршките клиники. „Тоа не е лек со магична моќ но, е добро да го има бидејќи може да помогне. Лекот Дантролен не е нов лек, но не е регистриран во Македонија, а многу тешко се наоѓа и во Источна Европа.…
Станува збор за гинекологот Вјолце Мбиара која работи во ординацијата во Шуто Оризари, која изјави дека претходно работела во Американската болница во Тирана, што го потенцира и Министерството за здравство во своето соопштение тогаш
Сомнежот на лекарите дека се случила токму малигна хипертермија е според клиничките знаци, моментално распаѓање на белите дробови, а потоа и на другите органи, објаснуваат анестезиолозите.
Анестезиологот од КАРИЛ најверојатно таму бил нелегално, односно без договор, потврдија за НОВА и на клиниката каде што работи Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката Дебора Џамбази која почина во четвртокот во приватната болница Санте Плус и најверојатно таму бил нелегално, дознава НОВА од свои извори во болницата. И директорот на ТОАРУЦ, др. Илир Хасани рече дека тој не е информиран за неговиот ангажман таму и не потпишал никаков договор со Санте Плус. „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша…
Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише. Информацијата ја потврдија во болницата Санте Плус од каде велат дека најверојатно станува збор за силна алергиска реакција од анестазијата. Лекарите кои ја…
Додека смртноста на новороденчињата од година во година се зголемува, матичните гинеколози кои се први на браникот во превенција и следење на бременоста постојано им наплаќаат на трудниците за здравствени услуги кои се бесплатни
Гинеколозите бараат капитацијата да биде зголемена од 50 на 60 денари по пациентка, бодот по кој се пресметува надоместокот по пациентка да биде според возраста, како и контрола во креирањето на месечната фактура која ќе подразбира транспарентност
Новата докторка- матичен гинеколог тврди дека не врши незаконска наплата на прегледите кај бремените жени, но посочи дека им влијае на одлуките на жените кога сакаат да абортираат бидејќи тоа се коси со нејзините религиозни убедувања