Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Министерот за здравство Арбен Таравари преку видео порака од САД потврди дека причина за заразата смртта кај починатите е Хеморагачна треска која ја предизвикува хантан вирус
Хеморагична треска-хантан е причина за смртта на педесетгодишниот гостиварец кој почина пред четири дена на Инфективната клиника, неофицијално дознава НОВА.
За да се потврдат сомнежите, Македонија мораше да позајмува реагенси од Косово бидејќи во државата такви нема
Епидемиолошките служби се на терен и ќе утврдуваат дали има потреба од прогласување епидемија, бидејќи сите се од ист регион, а дел се во роднински врски
Министерството за здравство ја чешла документацијата од Проектната единица задолжена за реконструкција на два објекти во Психијатриската болница во Брадовци за што е земен кредит кредит од три милиони евра Централна Европската Банка, а фирмата изведувач тужи и си ги бара парите
Душевни болни од Психијатриската болницата во Бардовци седум години се иселени од зградата каде што престојувале бидејќи Министерството за здравство не и платило фирмата која го реконструирала објектот. Болните се раселени и живеат во нечовечки услови, парите од кредитот ги нема
Редици пациенти уште од раните утрински часови пред шалтерот на Клиниката за онкологија. Стигнаа лековите за болните од рак и пациентите кои со месеци беа оставени без лекови побрзаа да земат од неопходните лекови во страв да не останат повторно без терапија
Разрешен е медицинскиот директор на Клиничка болница во Штип, а на негово место е назначен др.Ален Ѓорѓиев. Инспекцијата која беше испратена во болницата констатирала нехигиена, неетичко однесување и нерегуларности во работењето
Која е вистината за рудникот Казандол? Каква опасност крие јаловината со сулфурна киселина и цијанид која останува по одвојувањето на бакарот? Кои се опасностите за почвата, растенијата, живиот свет и луѓето?
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за НОВА потврди дека до вторник ќе бидат избрани нови управни одбори секаде, па така и во ФЗОМ и порача директорот на ФЗОМ да не прави непотребна драма околу сето тоа. Стефановски во писмо го обвини Травари дека со ова се парализираат одлуките за лекување во странство
ДУИ ги кочи кадровските смени во здравството бидејќи не сака да комуницира со Алијансата на Албанците, неофицијално дознава НОВА, од високи партиски извори. Од тие причини коалиционите партнери не можат да седнат и да се договорат какви ќе биде распределбата на директорските места на клиниките и во болниците
Цели шест години не постоела Комисијата за утврдување на бенефициран стаж во Министерството за труд и социјала со што не можело да бидат разгледувани барања на работниците за утврдување на професиии со бенефициран стаж