Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Социјално загрозените семејства не ја добија социјалната парична помош, иако Министерството за труд и социјала уште пред четири соопшти дека уште во текот на истиот ден ќе бидат исплатени сите средства
Случајот со лекарската грешка во Градската болница „8 Септември“, ја отвори дилемата колку има ефект проектот за едукација на лекарите во странство и на странските лекари што доаѓаат во земјата.
Семејствата кои се на рaбот на егзистенција и примаат социјална помош, како и болните кои примаат парична помош на нега, реагираат бидејќи Министерството за труд и социјала се уште ја нема извршено исплатата. „Ова е уште еден долг, гладен ден кој ги чека семејствата на оваа категорија граѓани“ вели за НОВА, жена примателка на социјална помош
Полицијата и Центрите за социјална работа многу бавно реагираат или најчесто не прават ништо за да спречат и помогнат во случаите на семејно насилство. НОВА беше сведок на едно телефонско јавување на СОС линијата, која пак не е помогната од државата
Институциите не можат да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара Димовска која има тежок деформитет на рбетниот столб и е потребна итна операција во странство. Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваат со контрадикторни информации, а за тоа време здравствената состојба на Тамара е драстично влошена
Затворени се три нови ординации во кочанско Облешево и во други околни села. Трендот на иселување на лекарите од земјата не само што не запира, туку зема се поголем замав. Најнов предизвик на лекарите се скандинавските земји, велат за НОВА во Здружението на приватни лекари на Македонија.
Ниту една институција во државата не дава прецизни податоци за условите под кои услови Македонија го има земено кредитот за новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Огромниот комплеск треба да се гради со пари од Банката на Советот на Европа и тежи 70 милиони евра
Италијанската фирма Арен Срл што го проектира новиот Клинички центар, доцни со изработката на главниот проект, а со самото тоа доцни и почетокот на изградбата на грандиозниот објект, кој според планот треба да се протега на површина од 61. 500 метри квадратни
Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за да го изработи проектот за новиот клинички центар „Мајка Тереза“ бил вмешан во неколку корупциски скандали во Италија, во проекти поврзани со изградба на нови болници
Оваа 2014-та година за новинарите кои го следат ресорот здравство беше особено напорна поради многу настани, проекти, идеи кои веќе утредента остануваа заборавени. Барем повеќето од нив. Дела на кои не им се гледа крајот, а богами ни почетокот
“Ќе се набавуваат биометриски скенери со кои ќе ни гледаат во зеници за да знаат каде сме. Можеби сум бил во погрешни земји како во Данска, Шведска, Норвешка, Франција но, вакво нешто не сум видел. Ова е многу необично, апсурдно и мислам дека идејата е да се втера страв во коски”, вели за НОВА Др.Милчо Пановски
За разлика од Министерството кое тврди дека системот не е заследње на лекарите, од Лекарската комора потенцираат дека системот не е толку наменет да се контролира слободата на лекарите, туку да се знае каде се доколку затребаат итно