Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Заразната жолтица нема да го одложи почетокот на новата учебна година. Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми потврди дека нема да има пролонгирање на почетокот на учебната година поради епидемијата од жолтица.
Во Скопје е прогласена е епидемија на жолтица поради 66 регистрирани случаи од оваа заразна болест. Само во последните десет дена од жолтица заболеле 21 лице, при што во четири семејства има по двајца заболени, а во едно семејство во Шуто Оризари се заразиле дури тројца од семејството, соопштуваат од Центарот за јавно здравје
Случајот со листеријата која одзема пет човечки животи ја обелодени целата несериозност на нашето општество. Општество во кое професионалците клечат пред директивите на политичките центри на моќ, но чии изрази на лица не можат да го сокријат грчот од клечењето без разлика на насмевките со кои се фотографираат со разнo разни министри
Додека заразеното месо од Бразил од кое наводно се правеле производите во Екстра меин, слободно се увезува во државата, надлежните кои до пред два дена се препукуваа која метода е валидна , а која промашена, на денешната прес конференција се смееја на новинарски прашања. Станува збор за сериозна тема, за бактерија која одзема пет животи, а десет луѓе заболеа
Во примероците од свинскиот врат на Екстра меин кои биле донесени од семејство од Прилеп е потврдена бактеријата листерија. Станува збор за два производа, отворен свински врат кој веќе бил конзумиран и запакуван свински врат без ознака или лот на него, соопшти Министерствотоз а здравство.Тој рече дека изворот на бактеријата е ист кај сите заболени или починати што е потврдено со генотипизација
Да ,заведена е покасно, тоа си стои во документот, од објективни причини и на обвинителството е да цени и разгледува докази. Како тоа дури сега се сетивте вие од Екстра меин да проверите дека сте немале во тој маркет ваши производи. Не сакам да полемизирам, ама доколку јас бев сопственик, прво што ќе проверев е тоа. Имам и јас прашања до сопственикот.
Екстра меин ја обвинува Директорката на Центарот за јавно здравје во Велес Флорентина Ристовска Шурбевска дека ги фалсификувала документите во постапката за испитување на листерија. Од компанијата тврдат дека на посочениот датум на 23 јули, кога е најден спорниот свински врат, во маркетот во Гевгелија воопшто немало вакумиран сецкан свински врат од Екстра меин
Почина 46 годишниот пациент од Неготино кој на Клиниката за инфективни болести, беше хоспитализиран поради зараза со бактеријата листерија, информираа од Министерството за здравство. За неполни два месеца ова е петти смртен случај од листерија, а опасната бактерија е потврдена кај десет пациенти досега
Освен сомнителниот начин на кој што е земена мострата од Гевгелија и доцнењето од два дена за да биде доставена во лабораторијата во Велес, како и ненаправената квантификација (броење на бактериите) на колониите на листерија,излезе на виделина и методата за генотипизација дека воопшто не е акредитирана, обвинуваат од Екстра меин
Квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот, тврдат во Комисијата за заразни болести. Со ова во Комисијата го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија
Квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот, тврдат во Комисијата за заразни болести. Со ова го Комисијата го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија, исто како што демантираат дека е направена супер-анализа во лабораторијата на овој Факултетот
Екстра меин обвинува за пропусти во постапката од страна на Центарот за јавно здравје во Велес при испитувањето на листерија од мострите на свинскиот врат, со што велат дека е нанесена штета на угледот на компанијата. Прашуваат: Зошто се дозволени пропусти во постапката и истите се премолчуваат? Зошто не се бара одговорноста во спроведување на процедурите?