Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Од денес започна со работа гинеколошката ординација во Здравствена станица Шуто Оризари-Скопје. Гинеколог во оваа населба ќе доаѓа само еднаш неделно, во среда и тоа во периодот од 9 до 14 часот.Жените Ромки, подржани од невладиниот сектор постојано апелираат во поликлиниката конечно да проработи гинеколошка амбуланта, а направија и петиција
Во исто време ќе се направи и ревизија на Наодот за категоризација на десетгодишното глувонемо дете кое беше сместено во Банско, каде било врзувано со јаже за да седи мирно. Дисциплинска постапка ќе има и против службите и лицата кои работеле на овој предмет
Вонредно мерење на фугитивната прашина од страна на акредитирана лабораторија за мерење на амбиенталниот воздух, но и хемиска анализа на честичките побара од Макстил Државниот инспекторат за животна средина
Не постапувањето по правосилните решенија не е непознато во македонската пракса. Два такви карактеристични случаи има во Царинската управа каде двајца поранешни вработени кои биле незаконски избркани од работа, не можат да се вратат на своите работни местa и покрај одлуката на Второстепената комисија на владата
Вработениот од првиот спрат паднал во подрумот, по што веднаш му била укажана лекарска помош , а бил сниман и на компјутерска томографија. Вработени на клиниката велат дека цела среќа што во моментот во лифтот немало пациент за коронарографија која се работи во подрумските простории
ЕУ ќе се заштити од напливот на лажни лекови кои се продаваат преку интернет со лого кое ќе биде заштитен знак на онлајн аптеките кои продаваат веродостојни лекови. Македонските граѓаните кои порачуваат лекови преку интернет се изложени на ризик бидејќи овие лекови не се контролираат во нашата држава, велат во Бирото за лекови
-Жените во Шуто Оризари немаат каде да се лекуваат бидејќи немаат можност да плаќаат кај лекари кои ги наплатуваат прегледите приватно. Се надеваме дека во иднина ќе се најде решение за овој проблем, изјави Метие Асан, активистка која помогна во собирање на потписите
Во Шуто Оризари гинеколог нема од 2007-ма година. Тука најголемиот дел од луѓето живеат во голема сиромаштија, немаат основни хигиенски услови, а и инфекциите се честа појава, затоа и опасноста е двојно поголема. Жените од оваа населба раѓаат два пати повеќе од македонскиот просек, но и смртноста на децата е двапати поголема од останатите етнички заедници.
Заштита на докторите додека пружаат медицинска помош и добивање на статус на службени лица од државата бараат Лекарската комора и Синдикатот на клиниките. На социјалните мрежи граѓаните се поделија, едни го осудуваат нападот на докторот, други го охрабруваат. МВР пак, расчистува кои се лицата кои го малтретирале таткото на напаѓачот
Заштита на докторите додека пружаат медицинска помош и добивање на статус на службени лица од државата бараат Лекарската комора и Синдикатот на клиниките. На социјалните мрежи граѓаните се поделија, едни го осудуваат нападот на докторот, други го охрабруваат нападот. МВР расчистува кои се лицата кои го малтретирале таткото на напаѓачот во клиниката
Лекарот А.Р ми се обрати со зборовите :„Излези надвор!“ Јас го прашав зошто да излезам бидејќи во собата немаше медицинска сестра, сакав да помогнам мајка ми повторно да не ја извади иглата, а тој ми одговори :„За ќеиф!“ Во тој момент ми се затемни пред очите и почнав да го удирам, изјави за НОВА Стојановски, кој сам се пријавил во полициска станица
Случајот бил пријавен во полиција и во Лекарската комора. Веднаш биле известени двајцата директори на Клиниката за гастро, кои строго забраниле да се даваат било какви информации во јавноста. Со тоа обидот на лекарите кои сакале да одржат прес конференција за настанот завршил во вода