Author: Mirjana

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи. Поради епидемиолошката ситуација на терен со зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот, стартот на второто полугодие се помести за десетина дена, односно од 1 февруари.

Read More

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава. Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности. Согласно…

Read More

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија, отвораат ново поглавје во односи меѓу двете соседни земји. Вчера се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани петте работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави. Двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата,  земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот. Посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување на двете држави како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација. „Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од…

Read More

Доколку  тргнеме  од  општото гледиште дека под критична инфраструктура се подразбира сè она што е од  витално значење за  функционирањето и опстанокот на една заедница или општество, неминовен e заклучокот дека таа е суштински сегмент на националната безбедност, a нејзината заштита претставува еден од приоритетите на секоја држава. Притоа, за да ги заштитиме институциите, како и животите и имотот на нашите граѓани, здравјето, безбедноста, економијата и благосостојбата на луѓето, нашиот одговор мора да биде брз, координиран и ефикасен. Ова го нагласи во воведното излагање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на  Десеттата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода…

Read More

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци. Во несреќата, возачот на автомобилот Фолксваген се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на лице место. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот. Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и…

Read More

– „Во тешки времиња како што се овие: идеалите, соништата и негуваните надежи се издигнуваат во нас само за да бидат уништени од мрачната реалност. Навистина е чудо што не ги отфрлив сите мои идеали бидејќи изгледаат толку апсурдни и невозможни да се спроведат. Сепак, ги чувам, бидејќи и покрај сè, верувам дека луѓето се навистина добри во срцето“ – напиша брилијантното девојче Ана Франк. Нејзините моќни зборови понудија утеха и храброст на милиони луѓе кои живеат во услови на војна, насилство, фанатизам и страв. Невиноста, храброста и надежта испишани во Дневникот ни предизвикуваат морници, но, и децении подоцна, се…

Read More

Почитувањето на позитивните правни прописи во областа на здравството е столб на функционирањето на здравствениот систем во државата што креира оптимални услови за работа на здравствените професионалци и гарантира квалитетна здравствена заштита за пациентите. Но, доколку заради некои диспропорции во системот, овие решенија во пракса предизвикуваат спротивен ефект, тогаш креаторите на здравствените политики во договор со давателите на здравствените услуги треба ефикасно и ефективно да креираат нови применливи решенија. Тргнувајќи од ова, Лекарската комора на Република Северна Македонија остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување, кое се случува во време…

Read More

Над 21 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, изминатата седмица што претставува нов максимум од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација. Бројот на новозаразените случаи се зголемил за 5% споредбено со неделата претходно, а смртните случаи за 1 отсто, беше соопштено на брифингот рано сабајлево во Женева. Зголемен број на новозаразените во споредба со претходната недела од 20-16 јануари, е забележан кај, Источното средоземноморие за 39%, Југоисточна Азија за 36% и Европа за 13%, додека во Африка и во Америка бројот на новозаболени се намалува за 31% односно за 10%. Бројот на заболените за една недела ги надмина 10…

Read More

Полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (25 јануари) околу 16 часот и 30 минути, во куќа на улица „Балиндолска“ во Гостивар, кај малолетник со кого била во љубовна врска, ја пронашле малолетната штитеничка од Домот за деца „11 Октомври“ од Скопје, за која претходниот ден било пријавено дека се оддалечила од домот.

Read More

Вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило „опел вектра“, кое нерегистрирано и без дозвола го управувал 44-годишниот Х.Ј. од ова село удрило во пешаците Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови соселани. Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо. Задоволство ми е да ве поздравам на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од…

Read More