Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

Поради епидемиолошката ситуација на терен со зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот, стартот на второто полугодие се помести за десетина дена, односно од 1 февруари.