Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, што е е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина. Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето…
Производителите на ориз од кочанскиот регион бараат што повеќе земјоделци да бидат опфатени со финансиската помош – три денари за килограм предадена арпа, а за тоа е неопходно, велат, рокот за предавање на арпата да се продолжи до јуни. На Министерството за земјоделство му даваат рок од две недели да најде начин како ова да го спроведе. Во спротивно, најавија дека ќе организираат нови протести и ќе ги блокираат магистралните патишта. Производителите до петок очекуваат ресорното Министерство да организира средба на која ќе ги образложат барањата, но се надеваат и дека ќа се најде заедничко решение за да се избегне…
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак, со која разговараше за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработува со агенциите на ОН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права. Како што соопшти МТСП, министерката Тренчевска информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во Министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка…
Градоначалничката Арсовска и Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвен крст на град Скопје, потпишаа договор за соработка помеѓу Градот Скопје и Црвен крст на град Скопје. Со овој договор се предвидува поддршка за активностите на Црвениот крст на град Скопје за обезбедување услуги на дневно, односно времено згрижување на бездомни лица на подрачјето на град Скопје во пунктот и прифатилиштето за бездомни лица. Активностите се во рамки на проектот на Црвениот крст на град Скопје „Мислиме на бездомниците“. Активностите на Пунктот за бездомници на Црвен крст се поддржани од Град Скопје. Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници…
Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните. А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу…
Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места. Се наоѓаме на 87 место, во 2020 година бевме рангирани на 111. За 2021 година Северна Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35. Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина. Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето…
Ги информираме корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека до крајот на идниот месец имаат право на бесплатен превоз и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година. При користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да приложат „Скопска“ со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет, кој притоа не им е продолжен, но контролорите не смеат да им издадат записник/казна. Од 1 март, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил/продолжил, во случај на контрола ќе добие…
Веста за смртта на Александар Џамбазов на социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов, кој во објавата напиша дека татко му починал како што живеел последните 25 години, тивко и мирно. Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е…
Министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи, се сретнаа денес во Софија, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија. Двајцата први дипломати изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите. Тие ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија. Во рамки на средбата беше разгледана актуелната…
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, како дел од владината делегација која е во официјална посета на Република Бугарија, денеска го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. На средбата со директорот Сашко Насев разговараа за динамиката и идните активности на овој прв македонски културен центар, кој има големо значење во промоцијата и афирмацијата на македонската култура во бугарската престолнина. Костадиновска Стојчевска истакна дека Културно-информативниот центар е пример за квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и е место за културна размена, едукација, но и место каде што се создаваат вредни пријателства. На средбата во…
Македонската владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски ја почна посетата на Бугарија, во рамките на која утре двете влади ќе одржат заедничка седница. Македонската делегација свечено беше дочекана со сите државно-воени почести а настанот се одви на плоштадот „Александар Невски“ во Софија. Во пресрет на заедничката владина седница и двете земји ги конципираа работните групи кои ќе работат на областите од заемен интерес а во делот на економијата и инфраструктурното поврзување. Македонската влада денеска го одобри Меморандумот за железничко поврзување Скопје-Софија, кој се очекува да биде потпишан утре во Софија. Историјата нема да биде оставена на страна, таа останува…
На поширокото тетовско подрачје минатата година вкупно биле откриени и санкционирани 468 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, по што тие се соочиле со предвидените парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Во текот на овој месец вкупниот број на откриени и санкционирани алкохолизирани возачи во Тетово и тетовско, во редовни и акциски контроли, изнесува 57.…