Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈСП: Корисниците на бесплатен годишен билет имаат право да го користат истиот до крајот на наредниот месец без завереност

0
By Mirjana on January 25, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: jsp.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 25, 2022 13:39

Ги информираме корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека до крајот на идниот месец имаат право на бесплатен превоз и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година.

При користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да приложат „Скопска“ со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет, кој притоа не им е продолжен, но контролорите не смеат да им издадат записник/казна.

Од 1 март, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил/продолжил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.

Во случајов, ЈСП Скопје излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое неодамна побара продолжување на рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид – 19, која, како што наведоа, на одредени факултети им предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна за продолжување на важноста на билетот.

Потсетуваме дека право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста. Важноста на билетот се продолжува секоја учебна/календарска година.

На студентите кои првпат запишуваат прва година и го користат правото на билет за бесплатен превоз, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.

Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент не постара од 1 месец и запишан зимски/летен семестар.
Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП.

Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз не важи во ноќна тарифа.

ГОДИШНИ БИЛЕТИ ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.