Author: Mirjana

Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид – 19 и иако немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација. За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата. Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите…

Read More

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека средбата со Владата што требаше да се одржи денеска е одложена за 31 јануари 2022. Како што најавува ССМ, во петок ќе бидат свикани сите тела на Сојузот за да се активираат штрајкувачките одбори. – На разочарување на работниците, средба помеѓу Владата и ССМ закажана за денеска се одлага за 31.01.2022 година по барање на Владата. ССМ после презентацијата на Студијата за минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите изготвена од еминентни професори, во четврток продолжува со активностите и уште одма во петок ќе го свика…

Read More

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Секцијата на спортски новинари при ЗНМ најостро ја осудуваат одлуката на раководството на ТВ АЛФА да ја укине спортската редакција во оваа национална телевизија. Неоправданото укинување на спортската програма претставува дополнителен притисок кон новинарите и медиумските работници во овој медиум и уште една закана за нивниот работен однос во телевизијата. Цениме дека укинувањето на спортската програма е импулсивна одлука која не придонесува за подобрување на односите внатре во оваа телевизија и од тие причини истата бараме да се преиспита и да се повлече. Со оглед…

Read More

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сметаат дека какви било измени на Законот за влада треба да бидат  усогласени меѓу четирите најголеми партии во Собранието. За тоа, нагласуваат има време, бидејќи предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024 година. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на „пржинската влада“, според СДСМ, говори за тоа дека државата денеска е способна да спроведе фер и демократски избори. – ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на техничката влада откако ги изгуби изборите во 2016 година, иако таа требаше да биде само за тие избори. Добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава…

Read More

Две противпожарни возила и дваесет пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за било каква интервенција, доколку има потреба од тоа, се наведува во писменото соопштение до медиумите.  РЕК Битола како општествено одговорна компанија во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро. Противпожарната…

Read More

Во врска со информациите во медиумите за правата на поранешните премиери, Владата на Северна Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада. Имено, со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на било кој поранешен премиер или на било кој друг функционер да подарува возила.

Read More

Со овој Предлог на Закон, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начинот на избор на Владата кои предвидуваа сто дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна Влада. Втората клучна интервенција во овој Предлог на Закон е тоа што предлагаме и бараме согласно Деловникот за работа на Собранието, овој Предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред на 61-та седница на Собранието на Република Македонија која што треба да се одржи во среда, 26.01.2022 година. Токму од овие причини, овој Предлог…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади. Владината делегација на Република Северна Македонија е предвидено да пристигне во попладневните часови во текот на денешниот ден, кога ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот „Александар Невски“.

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“. Меморандумот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, претставени од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан  за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25.01.2022 година во Софија. Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти,…

Read More

Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од страна на релевантните владини институции, со цел да се зголеми потенцијалот на женското претприемништво. Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracy и имаше токму таква  цел да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во услови на Ковид-19 и да се обезбеди целосна поддршка преку унапредување на постоечките бизнис практики, дигитализација на процесите и политиките на управување, воведување на онлајн продажба и маркетинг, истакна Јасна Пајковска од ЦУП…

Read More

На улиците на Брисел, денеска се одржаа нови протести против епидемиполошките мерки поврзани со пандемијата. Според организаторите, на протестите учествувале 100 000 луѓе. Во еден момент состојбата ескалира со тоа што разгневени демонстранти фрлаа со се што ќе им дојде под рака, од запалени факели, камени блокови, сообраќајни знаци па дури и железни огради. Полицијата во еден момент се засолнила во влез од едно од бриселските метроа. За растерување на демонстрантите беа употребени солзавец и водени топови. BRUXELLES – Les policiers à l’intérieur du Siège du Service européen pour l’action extérieure (SEAE) sont violemment pris à partis. Importantes tensions en…

Read More

Пожарот кој избувна попладнево во 17 часот и 20 минути во објектот „Жито Битола“, вечерва во 20.00 часот е ставен под контрола. Според податоците од заменик командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски, екипите на противпожарната единица во моментот вршат догаснување на делот од главната зграда, кое најверојатно ќе трае до утринските часови, напишаа меѓу другото од општина Битола на својата официјална ФБ страна, споделувајќи и неколку фотографии од остатоците по страотната огнена стихија.

Read More