Author: Mirjana

Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелниот и идните пратеници. Би-Би-Си јавува дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите се од странски државјани од Кина и Хонг Конг. Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон. МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага“. Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во…

Read More

Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години. Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920. Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за…

Read More

Дополнителни количества на електрична и на топлинска енергија се обезбедени преку когенеративната електрана „ТЕТО“ која ќе работи седум дена во неделата со полн капацитет. Вишокот на електрична енергија ќе го откупува АД ЕСМ, за што денеска се очекува двете компании да потпишат договор. Мерката ја донесе Владата на вчерашната седница, а ќе важи до крајот на месецов со можност да биде продолжена, доколку има потреба од тоа, затоа што во земјава е прогласена кризна состојба во енергетиката. Од друга страна, вчера попладне компанијата за производство на топлина „Балкан Енерџи“, која снабдува голем дел од домаќинствата во Скопје, соопшти дека има…

Read More

Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување. Тој рече и дека Отворен Балкан е позитивна иницијатива, но оти треба да ги вклучи сите земји, бидејќи практично не функционира без сите земји од регионот. Во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка, Ескобар ги повика лидерите од регионот на помирување. „Би рекол дека треба да се фокусираат на мултиетничко помирување, регионална економска интеграција, европски стандарди и создавање можности во рамките на Западен Балкан од кои корист ќе имаат сите луѓе. И мислам дека албанската Влада ова…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Поради ниските утрински температури наместа е можна појава на голомразица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На…

Read More

Со Света Василева литургија утрово во храмовите на Македонската Парвославна Црква – Охридска архиепископија ќе се одбележи поменот на Свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година. Денеска е и празникот познат уште како Обрезание Господово.Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на…

Read More

Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб доумерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури денеска ќе се движат од минус 13 до минус 3 степени, а дневните од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе биде минус 7 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник…

Read More

Првото рочиште за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски е закажано за 25 јануари во рамките на кое ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари. Во обвинението стои дека Рашковски го оштетил државниот Буџет  за над 300 илјади евра.  Најголемата финансиска злоупотреба од близу 17 и пол милиони денари, што на Рашковски му се става на товар, е таа што ја направил со купување на компјутерски софтвер за брзина во сообраќајот, кабина за гласање и систем за биометриска идентификација. Сите тие биле негов изум а тој ги местел тендерите преку компанијата Инвока груп, и…

Read More

– Мала победа на правдата но важна за општиот амбиент и за сите останати кои се предмет на вакви неосновани тужења од страна на носители на политички функции, вака гласи првичната реакција на екс шефот на  тајната полиција, Слободан Богоевски за исходот  од 7- годишниот судски предмет во кој беше тужен во граѓанска постапка за клевета од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери,  за сведочењето  пред Њујоршкиот суд во случајот со Дојче Телеком. По две пресуди во корист на Ахмети и Џафери од страна на првостепениот суд од  2017 година со кои тиe бараа…

Read More

Помеѓу останатите теми кои се дебатираа за време на емисијата, вицепремиерот Битиќи се осврна на активностите на Владата за сузбивање на сиромаштијата во државата, при што посочи дека во изминатите две години, Република Северна Македонија, но и целиот свет беа ставени на уште поголем предизвик, со оглед на економската криза во светот којашто беше предизвикана од пандемијата со коронавирусот Ковид-19. Тој потсети дека во Владината програма од 2017 година беше посочено дека сиромаштијата во Република Северна Македонија ќе биде под 16%, а притоа не беа земени во предвид последиците од ковид-кризата, којашто секако не можеше да се предвиди, и кога…

Read More

Скопското муфтивство прво бара средба со претставници од општина Карпош за да ги согледа работите поврзани со џамијата во Злокуќани па дури потоа ќе излезат со став во јавноста, ни изјави денеска секретарот на муфтивството Неџми Ферати, иако деновиве од таму ги посочуваа вторник или среда кога јавно ќе се произнесат за случајот. Од муфтивството денеска не ни одговорија ниту на прашањето за уште една џамија – дивоградба во Средно Нерези за што први обелоденија од партијата Левица кои излегоа и со детали дека објектот се гради на имотен лист чиј сопственик е исто така  ИВЗ. Од инспекторатот на општина…

Read More

Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро-енергетскиот систем, пишува на ФБ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација-така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ. Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори…

Read More