Првото рочиште за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски е закажано за 25 јануари во рамките на кое ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари. Во обвинението стои дека Рашковски го оштетил државниот Буџет  за над 300 илјади евра. 

Најголемата финансиска злоупотреба од близу 17 и пол милиони денари, што на Рашковски му се става на товар, е таа што ја направил со купување на компјутерски софтвер за брзина во сообраќајот, кабина за гласање и систем за биометриска идентификација.

Сите тие биле негов изум а тој ги местел тендерите преку компанијата Инвока груп, и потоа ги набавувал за потребите на владата а за кои реално немало потреба.

Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.