Author: Mirjana

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.  Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.  Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

Read More

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по денешната владина седница информираше дека Бугарија е спремна да пружи рака за започнување на конструктивен дијалог со Република Севена Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Бориславова увери дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми. Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.

Read More

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година и 20,8 % доколку споредиме со 2019 година. Односно кон фирмите во РС Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ…

Read More

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов за денеска попладне најави средба со мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, со кој како што рече, уште еднаш ќе разговараат за програмските приоритети  на партијата кои сакаат да влезат во владината програма. Ќе разговараме, потенцира Трајанов, и за кадровските решенија и за барањето земјава да биде една изборна единица, од кои, како што најави, ќе зависи и поддршката на Демократскиот сојуз за новата влада. -Ковачевски треба да не информира за тие имиња што не се познати да ги презентира. Затоа што и поддршката, не само на ДС,…

Read More

Владата предводена од СДСМ, надлежните институции преземаат мерки за справување со последиците од енергетската криза. За да се заштити стандардот на граѓаните од зголемувањето на цената на електричната енергија во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите категории граѓани, изјави на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска. 60 милиони денари се предвидени за финансиска помош на околу 7.500 семејства кои во текот на целата година ќе добиваат помеѓу 600 и 800 денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Покрај оваа мерка, ќе следуваат и други мерки за помош на граѓаните и стопанството. Токму за таа цел…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го оценува како легитимно, но беспредметно и спротивно на закон јавното барање на директорот на ЈСП за РКЕ да  ја замрзне цената на ЦНГ (метан) и истата да ја регулира, од причина што станува збор за пазарна дејност, која не е во надлежност на РКЕ. Согласно Законот за енергетика, кој што е одобрен од Енергетската заедница РКЕ не смее да издава лиценци за трговија со ЦНГ со оглед на фактот дека пазарот на природен гас во земјава е целосно либерализиран започнувајќи од 01.01.2015 година. „Регулаторната комисија за енергетика единствено ги утврдува тарифите…

Read More

Денес, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, до Уставниот суд, достави иницијатива, со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои им се овозможува системска /монополска положба на четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ И АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ), при изборните процеси. Во законот 90 % од медиумскиот простор за финансирање припаѓа на овие партии, како и финансиските средства за изборната кампања и рекламниот простор за билборди, паноа и сл. Само како пример, од девет минути дополнително време за медиумско претставување, осум припаѓаат на четирите партии, а само една минута за сите други партии и независни листи.…

Read More

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на усогласеност на тема „Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија“. Како клучни утврдени состојби од ДЗР ги посочуваат: не се воспоставени внатрешна евиденција на недвижни ствари кои ги користи СОЗР и единица за внатрешна евиденција на недвижен имот, евидентирано недвижни ствари за кои недостасуваат вредности и истите не можат да бидат внесени во деловните книги, утврдени се разлики во количините и набавениот износ, побарувањата и обврските. Издадено е мислење дека пописот на средствата, побарувањата и обврските…

Read More

Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога, пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил. Од 2017 наваму, пишува Спасовски, раководството на МВР стратешки зазема бескомпромисен став за сериозна борба и спречување на овие појави. – И во 2022, како врвен приоритет останува ефикасниот и координиран одговор, а со краен резултат успешна борба против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот, сајбер-криминалот, објави министерот…

Read More

Ве информираме дека утре, четврток (6.01.2022 год – Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год – Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено односно од 10 до 17 часот. РЕЖИМ НА ПРЕВОЗ На 6, 7 и 8 јануари 2022 год, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре, четврток (6.01.2022 год) ќе возат по саботен возен ред. РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ…

Read More

Анализа за геополитичките движења, меѓународните процеси, трендови и настани во 2022 година и одговар на дилемата дали ни престои биполарен свет и продлабочување на геополитичките конфликти Пишува: Проф.Др. Марјан Ѓуровски На почетокот на новата календарска година нема причина да се верува дека во 2022 година некои од геополитичките жаришта постепено ќе се оладат. Не е реално да се очекува некои од конфликтите да замрзнат, а уште помалку да се најде долгорочно решение. „Kонфронтацијата САД-Кина за светско лидерство“ e нов, одржлив тренд во меѓународните односи. Оваа борба може да има форма на натпревар или конфронтација. Засега тоа е во форма на…

Read More

Новата шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска , е хоспитализирана на Воено-медицинската академија во Софија, поради зараза со ковид -19. Генчовска  на позицијата министерка за надворешни работи дојде од партијата на Слави Трифонов„ Има таков народ“.

Read More