Анализа за геополитичките движења, меѓународните процеси, трендови и настани во 2022 година и одговар на дилемата дали ни престои биполарен свет и продлабочување на геополитичките конфликти

Пишува: Проф.Др. Марјан Ѓуровски

На почетокот на новата календарска година нема причина да се верува дека во 2022 година некои од геополитичките жаришта постепено ќе се оладат. Не е реално да се очекува некои од конфликтите да замрзнат, а уште помалку да се најде долгорочно решение.

Kонфронтацијата САД-Кина за светско лидерство“ e нов, одржлив тренд во меѓународните односи. Оваа борба може да има форма на натпревар или конфронтација. Засега тоа е во форма на конфронтација. Ова му дава тежина на новиот тренд во меѓународните односи – тренд кон нова биполарност во светот. По распаѓањето на биполарниот свет, преминавме на илузијата на униполарност, потоа го видовме трендот кон многу помултиполарен свет, а сега оваа конфронтација не враќа во биполарноста, каде што од сите земји се бара да одлучат во една или друга крајност.

Она што Кина му го нуди на светот е „незападен модел за светот“. Засега Кина успеа да го прошири своето влијание искористувајќи ја својата економска и финансиска моќ, прво во Африка, каде што Кина несомнено доминира, потоа во Латинска Америка.

Не случајно се обидува да ја наметне формулата „Еден појас, еден пат“ во земјите од Југоисточна Азија. Ова е обид да се најде стратешки пат и кон Европа. Она што во пракса го гледаме е како Кина како државен актер, проширувањето го користи да ја зголеми силата на влијание. Се работи за извоз на влијание, а преку него и пристап. Сè уште не би го ставиле тоа во идеолошка рамка.

Дали Македонија ќе се приклучи на дипломатски бојкот на Олимписките игри во Кина?!

Првиот предизвик пред кој ќе биде исправен светот е свеченото отворање на Олимписките игри, официјално Скопје реши да ги следи позииците на Европската унија, чии пак членки во најголемиот дел ќе се одлучат за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри пред истите да започнат. Дали ќе има заедничка акција во која поголемиот дел од европските претседатели и премиери ќе се откажат од одењето на свеченото отворање на Олимписките игри во Кина?Ова ќе претставува симболично манифестирање на европското НЕ кон кинеските политики. Дали ова ќе го видиме наскоро, самите ќе се увериме. Но, која е македонската позиција за учеството на официјални државни претставници на престојните Олимписки игри во НР Кина?!

Конфронтацијата меѓу САД и Кина

Во 2022 година, двете велесили ќе се борат за лидерство во светот и ќе разменат економски и политички удари. Во следните десет години ќе се отвори опасноста која ќе произлезе од прозорецот на можности за Кина да ги надмине Американците на геополитичката патека. Ако тоа не се случи до почетокот на 2030-тите, Пекинг ќе ја изгуби предноста на растечката моќ, бидејќи ќе биде обземен од демографски проблеми. Веќе оваа деценија, родените во 60-тите години, кога во едно кинеско семејство имало во просек по 6 деца, ќе почнат да одат во пензија. Нивните пензии ќе треба да ги прават младите, кои најчесто се единствено дете на нивните родители оценува колегата Пламен Димитров Петров.

Тензии на раб на конфликт меѓу Русија и Западот поради Украина.

Добро е што Бајден и Путин разговараат. Но, проблемот е што резултатот кон кој се стремат е да ја задржат ситуацијата под контрола, а не да ги намалат тензиите. Веќе сме во фаза кога ескалацијата на конфронтацијата почнува донекаде да се самодинамизира. Постои ризик да излезет од контрола. Сè повеќе се земаат предвид ризиците на сојузниците на Украина – Украина и Белорусија – со нивната политика што доведува до многу поголем ризик од директна конфронтација, дури и до судири.

Сеуште постои дилема дека Русија во моментов има вистински намери или интерес да ја нападне Украина, но самата политика на взаемно воздржување преку акумулација на војници, преку маневри во близина на линијата за контакт, создава многу посериозен ризик од судир. Дали е испровоциран или едноставно во случај на несреќа подготовка?! Сè додека не се преземат чекори за намалување на оваа воена ескалација, овој ризик ќе продолжи.

Москва ги надувува воените мускули и собира војници долж границите на Украина. НАТО исто така не попушта и постепено ја зголемува цената што Кремљ ќе треба да ја плати доколку се одлучи за нова агресија против Украина. Засега нема да има било каков тип на војна, но помирувањето изгледа како фатаморгана.

Путин и Бајден јасно ги кажаа своите позиции. Бајден рече: „За нас е апсолутно неприфатливо Русија да учествува во воена интервенција во Украина“. Путин рече: „За нас е апсолутно неприфатливо да собираме воени сили на нашите граници и да го прошириме НАТО“. Ова се двете појдовни точки од кои почнуваат разговорите и барем засега нема заеднички јазик.

ЕУ во длабок зимски сон

Какви се перспективите на Европската унија наспроти позадината на новата влада во Германија и барањата за зајакнување на партнерството меѓу Франција и Германија како локомотива на Европа? Можеме ли да зборуваме за јасна определба за зајакнување на европската интеграција и нејзино продлабочување? Ќе продолжи ли Франција да биде „динамична сила“ и „визионер“ на Европа по претстојните избори? „Серијата кризи со кои се соочува ЕУ и акумулацијата на недоверба кон владејачката партија наоѓа излез во насока на популистички и екстремно десничарски партии“ – како тоа ќе се одрази на политичката иднина на Франција и на Европа во целина?

Судбината на процесот на проширувањето на ЕУ зависи од резултатите на Претседателски избори во Франција во април. По оставката на Меркел, францускиот претседател ќе биде неформален лидер на Европа. Затоа е важно Макрон да биде реизбран. Ова се чини сè поверојатно, бидејќи националистичките гласови се поделени речиси подеднакво меѓу Мари Ле Пен и Ерик Земур.

Во 2022 година, ЕУ мора конечно да одлучи каква енергетска политика ќе води и  која енергија е „чиста“. Јагленот го нема, нуклеарните централи и природниот гас веројатно ќе преживеат, но под одредени услови. Енергетиката ќе биде секторот со најдрастична антипазарна интервенција од страна на ЕУ и затоа оттаму ќе дојдат економските промени кои се најважни за нашите животи.

Парламентарни избори во Унгарија во април-тест за политички промени

На прв поглед ова гласање нема глобално значење, бидејќи Унгарија е релативно мала и средно богата земја. Но, тоа е дел од јасниот политички тренд во последно време – партиите од целиот спектар на идеи да се обединат во неприродни коалиции за да го соборат долгогодишниот лидер на една демократска држава кој се обидува да изгради авторитаризам, е оценка на некои од експертите од регионот со која може да се сложиме. Го видовме во Израел и до одреден степен во Бугарија во 2021 година, ќе го видиме во Турција во 2023 година.

Ковид-19 наша животна судбина и секојдневие и во 2022

На крајот многу нешта како ќе се движат во 2022 година зависи од развојот на пандемијата COVID-19. Новите мутации на вирусот го зголемуваат бројот на заразени – на крајот на декември тој за прв пат надмина 1 милион дневно. Повеќе од половина од човештвото е веќе вакцинирано, што го намалува бројот на смртни случаи од вирусот – на почетокот на 2022 година тој беше двојно помал од една година порано. Сепак, пандемијата ќе продолжи да остава многу сериозен отпечаток на темпото на животот и на економијата и до кој степен ќе оди политичката нестабилност која може да продуцира таква нестабилност која ќе води до работ на воен конфликт и дестабилизација.

Нострадамус претскажувања за глад во 2022

На крајот малку невообичаено за една геполитичка анализа ќе одвојам простор на пророштвата на одамна починатиот француски лекар од чума, астролог и пророк Нострадамус, „2022 година ветува уште поголем недостиг на храна и инфлација, додека многумина ќе бараат финансиска стабилност со оттргнување од традиционалните пари„. Во далечната 1555 година, Нострадамус ги објавил своите „Пророштва“ полни со предвидувања за вековите што доаѓаат. И покрај фактот дека неговото пророштво е поетски нејасно, отворено за неколку толкувања – и затоа често се поврзува со вистински настани – астрологот Ред Вигл забележа неколку особено интересни стихови во серијалот што изгледа ќе зборува за економијата во оваа 2022 година. Тoj го привлече вниманието кон нив во статија за Њујорк пост.

Во еден пасус што се однесува на 2022 година, Нострадамус напишал: „Толку е висока цената на пченицата / Тој човек е принуден / да го јаде својот сосед во очај“. Вигл вели дека можеби предупредува на високите цени на храната кои ќе влијаат на трошоците за живот. Ова секако веќе се случува насекаде, со инфлација на највисоко ниво во споредба со неколку претходни децении во речиси сите други големи економии, а особено во помалите. Вигл дури оди дотаму што тврди дека споменатото пророштво претскажува канибализам. Но, можеби Нострадамус зборува само за оние кои профитираат од страдањето на другите, што, според Вигл, може да се смета за еден вид канибализам.

 

Авторот е универзитетски професор