Author: Mirjana
Синоќа, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215. Министерството за внатрешни работи продолжува со…
Хрватскиот портал express.24sata.hr објави 13 ретко видени фотографии, како што пишува. Фотографиите како регистрирани делови од моменти кои се случиле во минатото и никогаш не можат да се повторат, практично се можност да ја комплетираме сликата за луѓето и настаните од времето што ни претходи. Французинки кои биле обвинети за дружење и сексуални врски со нацистите за време на окупацијата и по казна се јавно рассоблечени а некои од нив и стрижени со цел да се посрамотат и понижат поради предавството што го направиле кон татковината. Поплавите не се одлика само на 21 век. Оваа фотографија покажува како парижаните се…
Измените во Изборниот Законик со цел воведување на отворени листи, како и гласањето во една изборна единица се очекува да ја унапредат македонската демократија, но партиите сеуште се немаат усогласено по ова прашање и дадено ветување – ова е заклучокот на завршната Конференција на тема „Измена и дополнување на Изборен Законик – Отворени листи“. Настанот имаше за цел презентација на спроведените активности за реализација на законските измени објавени од Владата за измена и дополнување на Изборниот Законик во делот на воведување на отворени листи. Свои обраќања имаа Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот, Благица Димитровска, претседателка на…
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање- Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов. „До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови. Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што славејќи го Христовото раѓање, го славиме…
Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска речиси два месеци од мандатот покажува тотална неспособност и носи одлуки се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје. СДСМ и граѓаните се противат на грубата партизација и срамните предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување на лица од режимот на клучни позиции. Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на МКЦ треба да биде повлечен, бидејќи актерката беше дел од режимот и најпозната по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми. На МКЦ се потребни професионалци, луѓе со суштинско познавање на независната сцена и култура, и не смее да…
Ако бугарската Влада направи отстапки кон Северна Македонија и ги достави до Парламентот, ние сме подготвени да ги поддржиме, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата опозициска партија во земјата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во интервју за најтиржниот бугарски весник „24 Часа“. Запрашан дали планот предложен од новиот бугарски премиер Кирил Петков за формирање работни групи за дијалог со земјава би функционирал, Борисов нагласува дека може „само да му посака успех“ и „ако му треба поддршка, ќе му ја даде“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во интервјуто потсетува дека неговата…
Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија. На литургијата присуствуваа определен број свештени лица и верници согласно протоколите за заштита од Ковид-19, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната проповед. – Драги браќа и сестри! Божиќ…
Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 хектари површината под шума. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“. Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Северна Македонија изминатото лето. Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2…
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 595 653 мегават часови електрична енергија, 45 762 милиони нормални кубни метри природен гас, 336 109 тони јаглен и 98 364 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,1 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претпладне со услави за појава на слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени. За време на викендов по…
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12:30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот…
Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект во организација на Општина Битола кој од 23-ти декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31-ви декември платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом го претвори во празничен плоштад. 57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера. Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават,…
