Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворените листи и една изборна единица ќе ја унапредат македонската демократија – Партиите сеуште без компромис за ова свое ветување

0
By Mirjana on December 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 25, 2021 09:37

Измените во Изборниот Законик со цел воведување на отворени листи, како и гласањето во една изборна единица се очекува да ја унапредат македонската демократија, но партиите сеуште се немаат усогласено по ова прашање и дадено ветување – ова е заклучокот на завршната Конференција на тема „Измена и дополнување на Изборен Законик – Отворени листи“.

Настанот имаше за цел презентација на спроведените активности за реализација на законските измени објавени од Владата за измена и дополнување на Изборниот Законик во делот на воведување на отворени листи. Свои обраќања имаа Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот, Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“ од Куманово, Џабир Дерала, активист за човекови права, писател и новинар, и Бојан Кордалов, комуниколог.

Немало постигнат консензус помеѓу политичките партии за да се менува моделот и да се премине на гласање со отворени листи за советници на локалните Избори, посочи Херолинд Сакипи, мобилизатор на заедницата и автор на Проектот.

„Според направената анализа за изминатиот период констатирав дека значаен дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измени на Изборниот Законик се усвоени, но дека не е прифатен моделот на отворени листи и препораката во врска со прагот на потребните потписи за независните кандидати, како и дека одредбите за биометриска идентификација на гласачи се имплементира“, потенцира Сакипи на завршната Конференција.

На средбите кои тој ги остварил со претставници на парламентарните партии, се дискутирало и за изборните единици, а било заклучено дека е потребен широк и кохезивен меѓупартиски консензус за кој е неопходно повеќе време со цел да се дојде до конечен договор кој би бил прифатлив за сите.

Лицата со попреченост имаат еднакви изборни права, кои на изборниот ден во поголема мера не се почитуваат – посочи Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Инклузива“

„Како држава ја имаме ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2011 година и во член 29 постои обврска за создавање на услови за еднакви изборни права за лицата со попреченост како гласачи, кандидати и набљудувачи. Од 2018 година ‘Инклузива’ врши мониторинг на изборните процеси со набљудувачи со попреченост и за сите избори има подготвено извештаи со препораки, а најголемиот дел од препораките се преклопуваат со препораките на ОБСЕ/ ОДИХР“, истакна Димитровска.

Како што посочи таа, „Инклузива“ и Државната изборна комисија (ДИК) склучиле Меморандум за соработка во 2018 година и оттогаш наваму заеднички создале материјали за поддршка на гласачите со попреченост како што се Шаблонот на Брајово писмо, граничникот за потпис и сликовити прикази за процесот на гласање.

„Сеуште постојат многу бариери за еднакви изборни права на оваа категорија на граѓани, како што се системските бариери, непристапноста до гласачките места и некористење на материјали за поддршка на изборниот ден. Правото на избирачите со попреченост не е привилегија, туку е обврска за државата и изборните органи!“, заклучи Димитровска.

Една изборна единица ќе овозможи одржлива демократија, а воведувањето на отворени листи ќе значи поголема власт за граѓаните наместо за партиите – смета Бојан Кордалов, комуниколог – специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

„На претходните неколку изборни циклуси граѓаните испратија две многу јасни пораки. Првата, дека не се задоволни од политичката понуда кај нас и бараат таа да се проширува и прилагодува, а втората е дека граѓаните сакаат и гласаат за пошаренолики понуди како што е тоа случај со општинските совети. Воведувањето на ветените реформи во Изборниот законик ќе овозможи одржлива демократија, односно ќе оневозможи која било од големите партии да освои апсолутна власт. Бидејќи секогаш кога партиите на избори освојувале 60 пратеника, одговорноста кон граѓаните била многу ниска, а државата се оддалечувала од демократските процеси“, вели Кордалов.

Според него, политичарите мора да прифатат дека компромисот е главен составен дел од политиката и дека секоја власт на локално или централно ниво мора да прави компромис со другите политички претставници во коалицијата, но и од опозицијата. Потребно е, истакнува Кордалов, да престане комуникацискиот наратив дека некој некого уценува во политиката и затоа е неопходно граѓаните да гласаат само за една политичка партија. Напротив, со ваквите измени конечно ќе се создадат услови секоја власт да се „плаши“ од граѓаните, наместо како што гледаме децении наназад, граѓаните да се плашат од властите и политичарите кои ги избираат или, пак, од јавните институции кои секој од нас ги плаќа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

една изборна единица партиите сеуште без договор Сакипи Херолинд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.