Author: Mirjana

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со колегите од „Отворен Балкан“ Александар Вучиќ и Еди Рама и официјално го потврди заминувањето од премирската функција во Северна Македонија и дека овој настан му е последен од оваа позиција . Тој им се заблагодари на Вучиќ и на Рама за заеднички споделената и прифатена иницијатива за „Отворен Балкан “ и за предностите што ги дава истата, како и за поддршката што ја споделувале на сите други полиња. Благодарност до Заев упати и српскиот претседател Вучиќ , кој рече дека Заев бил еден од политичарите кои неуморно работат, регионот да го претворат…

Read More

За денеска во 13 часот е најавена прес конференцијата на македонскиот премиер Зоран Заев, на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама. На ова и претходеше заедничка средба како и потпишување на неколку билатерални и мултилатерални договори. Северна Македонија на Самитот е присутна покрај со премиерот Заев и со заменик министерот за финансии и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски кој стави параф на 4 договори.   –Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан. –Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните. –Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна…

Read More

Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Имено по претходно изведени спротиставени вештачења на одбраната и обвинителството, а пред се, за да се запази еднаквоста на оружјето кое во евентауално жалбена постапка може да биде клучно при одлучувањето на второстепениот суд, издадена е наредба за супервештачење. Од надлежниот Технички факултет во Битола,…

Read More

„Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот. Во рамки на Самитот во Тирана ќе потпишеме повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан, напиша премиерот Заев на ФБ .

Read More

На денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори, напиша заменик министерот за финансии и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.  -Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан. -Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните. -Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика. -Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност. Договорите што ги потпишавме денеска се влог во иднината, напиша меѓу другото Ковачевски на својот ФБ профил.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.  Почитувани сограѓани,  Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на турската етничка заедница да Ви го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик. Јазикот е душата на еден народ и негово суштинско, идентитетско обележје. Можноста да се зборува, да се добие образование и да се твори на својот мајчин јазик е право на сите етнички заедници во Република Северна…

Read More

Во Тирана денеска се одржува Самитот на „Отворен Балкан“ кој започна со работна средба на лидерите на иницијативата, премиерот на Република Албанија, Еди Рама, како домаќин, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Во своето воведно обраќање премиерот Заев изјави: „На самиот почеток на оваа иницијатива нагласивме: „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот. Од првата средба во Скопје во јули и првото потпишување на договорите, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо…

Read More

„ Знам дека повеќето луѓе ги интересира што ќе кажам за палењето на знамето, но рационално посматрано, мораме да гледаме во иднината и да разбереме кога тие се лутат кога ние ги палиме нивните знамиња, а тоа се случи пред доаѓањето на Еди Рама во Србија. Нема да влегувам во нивните внатрепартиски причини но секако дека е недопустливо да ги сквернавите симболите и мислам дека Албанија реагираше промптно, сериозно и одговорно и тоа е наша работа истото да го направиме, изјави српскиот претседател Вучиќ. Полицијата  во Албанија уапси две лица кои се осомничени дека го запалиле српското знаме за време…

Read More

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и во автобус да носат заштитна маска. – Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, соопшти ЈСП. 

Read More

Алијанса за Албанците изреволтирана од иницијативата за помилување која беше објавена , па повлечена  го обои со црвена боја Министерството за правда. Од подмладокот на партијата истакнаа дека бараат итна оставка од министерот за правда, неговиот заменик и од сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување, јавува тв 21. – Се наоѓаме пред Министерството за неправда да ја изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж изјави дека очекува на средбата во Тирана Србија, Албанија и Северна Македонија да добијат заеднички пазар на труд во текот на следната година. – Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување што работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни потврди, да немаме проблем што го чинат стопанството многу пари, истакна Чадеш. Тој потсети дека и претходно се потпишани некои документи, како што е меморандуми за соработка, но сега „тоа се готови договори со кои се овозможува заеднички пазар на труд на почетокот на следната година“. Чадеж оцени дека средбата на…

Read More

Новиот бугарски премиер Кирил Петков кој минатата недела ја заокружи со првата посета на НАТО и на ЕУ во Брисел, изјави дека спорот со Северна Македонија бил една од темите на која разговарал со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Во изјава за медиумите пред седиштето на Унијата, Петков рече дека ја информирал Фон дер Лајен дека по стапувањето на должност на новиот премиер во Северна Македонија тој би дошол во Скопје на средба во рамките на која би се конституирале петте работни групи кои би се сретнувале на месечно ниво за да го чекираат направеното. За рокот…

Read More