Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Веќе свикнавме на каприцот на ЕУ и триумфализмот на балканските политичари од типот на претседателот Радев за „големата победа на бугарската дипломатија“ на декемврискиот Самит на ЕУ во Брисел. „Најдобар одговор на политичкиот триумфализам е хуморот“, смета Паскал Бонифас еден од најголемите живи француски геополитичари и основач на Институтот за геостратешки студии во Париз. Сатирата би помогнала полесно да се исмее каприциозниот политички нарцизам, без да се поминат границите на омразата и понижувањето. Според авторот Бонифас реториката на Радев би се проценила како пропаганден говор кој е инаку многу атрактивен за наивните и напалени националисти од Балканот и диаспората. Балканскиот…
Глечерот Твајтс е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, а дури го нарекуваат и глечерот „Судниот Ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години. Пред 20 години, областa со мраз за која се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море. Беше познато…
На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Денот кога е роден Конески, 19 декември, е ставен и на листата на значајни јубилеи на УНЕСКО што се одбележуваат во 2021 година. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на…
Вечерва за последен пат во 2021 година ќе бидеме сведоци на полна месечина. Taa овој месец уште се нарекува Ладна Месечина, означувајќи го влегувањето во зимското годишно време на северната хемисфера. Во најголем број случаи, полната месечина не е целосно полна, Ние секогаш гледаме иста страна од месечината, но дел од неа е во сенка поради ротацијата. Само кога месечината или Земјата и сонцето се перфектно распоредени, тогаш месечината е 100% полна или цела. Понекогаш, полната месечина како полна или цела се појавува два пати месечно, или 4 пати во сезона.
Претседателот Џо Бајден денеска ја одбележа 49-годишнината од сообраќајната несреќа во која загинаа неговата прва сопруга и ќерката, со тоа што ги посети нивните гробови во црквата „Свети Јосиф“ во Римокатоличката црква во Брендивин, Вилмингтон. Нивната смрт се случи веднаш откако гласачите во Делавер го избраа Бајден за Сенатот во 1972 година, и можеби затоа, као што пишуваат познавачите на Бајден, фаталната сообраќајна несреќа стана одлучувачки момент што ја обликуваше неговата личност и кариера. Неговите синови Бо и Хантер, кои имаа нешто помалку од 4 и од 3 години во тоа време, беа сериозно повредени, но ја преживеаја несреќата. Неговата…
Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс најде докази за органски хемикалии, кои учествувале во градењето на животот на Црвената планета. Тимот кој стои зад истражувачкиот ровер, ова откритие го објави во средата.- Тоа не е доказ за живот на кој многумина се надеваа, но дефинитивно е интригантно откритие, рекоа научниците. НАСА штотуку пронајде докази за органски хемикалии на Марс „Упорност“ ги откри органските хемикалии што содржат јаглерод, во карпите на површината на Марс во близина на кратерот Језеро. Роверот направил прелиминарна анализа на карпите и ги открил соединенијата што ги содржат. Сепак, роверот на НАСА, испрати и примерок назад на…
На денешниот брифинг со новинарите, скопската градоначалничка Данела Арсовска изјави дека бесплатниот превоз со ЈСП, граѓаните ќе го имаат дури за две години. Дотогаш ЈСП ќе минело фаза на реорганизација. – Се работи на програмата што ја имавме зацртано, односно се преземаат првите чекори од етапното воведување бесплатен автобуски превоз. Ревизијата во ЈСП Скопје е започната, се детектираат сите слабости во работењето на ова претпријатие. Како што знаете, ова претпријатие е тежок загубар, а целта на новото раководство е да овозможи претпријатието да работи со оптимално намалување на трошоците, зголемување на приходите и овозможување непречено функционирање со сето она што…
Последните информации кои тукушто пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија. Со оваа одлука, граѓаните на Северна Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит. Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Данска е од голема важност за нив и се…
„Новиот лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, во интервју за Слободен печат истакна дека и покрај различните ставови или несогласувања кои впрочем претставуваат суштина на демократијата, членството на СДСМ секогаш има една заедничка цел, а тоа е силна и обединета партиска организација која ќе работи во интерес на граѓаните. „Цврсто верувам дека во периодот кој следи СДСМ ќе доживее транформација како во начинот на работа и организацијата, така и во унапредување на внатрепартиските односи. Заемната доверба и почит мора да ја засноваме на квалитетна соработка, ангажман, но и одговорност на секој член од тимот“, изјави Ковачевски. Уште од поднесувањето на…
Централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“. Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје.
Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денеска ја одржа првата седница на новиот состав со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски. На седницата, покрај другите членови на комитетот, присуствуваа и заменикот на националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и заменикот на националниот координатор за борба против тероризам, Златко Арсов, беа презентирани досегашните активности, како и приоритетите во работата на членовите на комитетот во тековниот мандат. На седницата беше констатирано дека успешното остварување на задачите на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како и досега, се остваруваат во…
Драго ми е што пред четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на терен и како се реализираат капиталните инвестиции, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на населеното место Три чешми во Штип. Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Од денеска делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим. Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во…