Author: Mirjana

Од направени  3.028 тестирања последните 24 часа, новозаразени се 361 лице  од КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака:  Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и  Велес –  по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод –  по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од…

Read More

Денот на човековите права, 10 декември, е ден кога се потсетуваме на Универзалната декларација за човековите права на ООН која започнува со неприкосновената вистина дека „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. Принципите на еднаквост и недискриминација, наведува, се во суштината на секое општество и на секоја заедница без исклучок. – Нивниот просперитет е невозможен без почитување на ова право кое вклучува решавање и изнаоѓање решенија за секоја форма на дискриминација, објави премиерот. Заев посочува дека Владата спроведува политики и мерки за спречување на сите форми на…

Read More

На 09.12.2021 година, при извршени сообраќајни контроли во Кичево, полициските службеници  извршиле контрола на 36 автобуси што вршат јавен превоз на патници од кои, 20 упатиле во станица за технички преглед. Притоа, кај 4 автобуси, биле констатирани недостатоци на опрема. Полициските службеници во Дебар, затекнале 05 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (2 во населено место и 3 надвор од населено место) додека во Охрид, еден возач бил затекнат при управување моторно возило под дејство на алкохол по што веднаш е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката дозвола. За констатираните прекршоци, поднесени се соодветни…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени скопјани, на возраст од 30 и 51 година, во две патнички возила на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, пренесувале наркотична…

Read More

Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ Трејд од Кавадарци пред судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје денеска во исказ во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ откри дека поранешната власт му нудела да купи плац во текот на 2012 година. Понудата, како што објасни сопственикот на ИГМ Трејд, дошла од Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски. По разговорот со Јанакиески, Гечев се сретнал со претставник од Министерството за транспорт и врски кој на средба во кафе барот „Тренд“ во центарот на Скопје му понудил плац на продажба од околу 1.000 квадрати по цена, како што рече сведокот од…

Read More

Директорот Александар Ивановски ми рече дека треба да се купи стан за Никола Груевски, поранешниот премиер за да не го прислушуваат, всушност да не дојдат некои непознати соседи до него во зградата на улицата Бихаќка, рече во својот исказ пред судот Татјана Стојановска, секретарка на бизнисменот Ивановски (Теранова), на рочиштето познато во јавноста како „Плацеви на Водно“. Таа сведочеше, откако претходно свој исказ во судот даде и поранешна сосетка на Груевски која според нејзиното сведочење продала стан на луѓе овластени од Груевски во истата зграда во која Ивановски побарал од својата секретарка да се купи стан. За овој стан, секретарката…

Read More

– Пред точно 11 години ние решивме да го сториме тоа што сметавме дека е единствено исправно во дадените околности. Бевме сосема свесни за ризиците, а на награди и признанија, ниту помисливме, ниту ни беа битни. Но денес сме горди, што токму ние сме добитници на највисокото признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Горди, што се низ што поминавме не беше залудно и што со нашите активности помогнавме да се случат повеќе позитивни промени во општеството. Сигурни сме дека во нашата татковина никогаш повеќе нема да се повтори масовно прекршување на правата на…

Read More

Прво во судницата сведочеше Бисерка Јовановска Ќаева, сосетка на поранешниот премиер Никола Грувески кој побегна во Унгарија, а сега му се суди во отсуство. Таа сведочеше дека купила стан на улицата Бихаќка и така му станала сосетка на тогашниот премиер. – Јас и сопругот бевме сопственици на тој стан кој беше купен на кредит, редовно го плаќавме и го отплативме, рече сведокот и објасни дека во зградата на Бихаќка влегле меѓу првите станари. -Станот беше со број 16 и имаше квадратура од 57 квадратни метри. Имаше и поголем но беше поскап, а имаше и помали, гарсоњери. Нашиот стан беше во…

Read More

Довербата се стекнува низ работа и низ остварување на целите коишто се зацртани, а мојата заложба е нив да ги исполниме, рече Димитар Ковачевски кандидатот за нов претседател на СДСМ, при гостувањето на МРТ. Според него во оваа фаза во која се наоѓа партијата важно е да се отворат клучните прашања за проблемите во општеството, да заживеат месните организации, да се активираат старите членови кои со времето станале пасивни и да се формира одговорен и посветен тим кој носи одговорности. „Јас зборувам за тим којшто е одговорен и посветен, а не дали некој има доверба или недоверба во него. Довербата…

Read More

Денот на човековите права годинава се одбележува под слоганот ,,Сите луѓе, сите еднакви’’, афирмирајќи ја потребата од намалување на нееднаквоста, како клучен предизвик во борбата за унапредување на правата на луѓето низ целиот свет. На денешен ден во 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човековите права, а еднаквоста како фундаментален принцип е одредена уште во првиот член од овој темелен документ: ,,Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права’’. Повеќе од седум децениии подоцна, идеалот на еднаквоста сѐ уште е недостижен, а се чини дека глобалната криза предизвикана од пандемијата…

Read More

Бројни позитивни параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и подготвена за справување со претстојните глобални предизвици. Потврда за тоа е растот на БДП од три отсто во третото тромесечје од 2021 година. Покрај растот на БДП, бележиме и раст на извозот кој во првите 10 месеци од годината е зголемен за 29% во однос на минатата година. Дополнително, Народна банка потврди дека денарот е стабилен и граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои ги пласираат одредени медиуми. СДСМ како одговорна и социјалдемократска партија продолжува да презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот…

Read More

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера вчера го потпишал Законот за легализирање на истополовите бракови, откако тој претходно беше одобрен од Конгресот со историско гласање. -Законот ги изедначува сите љубовни врски меѓу две лица, рече Пињера во владината палата Ла Монеда на церемонијата на која присуствуваа ЛГБТ активисти, претставници на граѓанското општество, пратеници и официјални лица. Чулеанскиот Конгрес во вторникот го одобри законот што претставува пресвртница за оваа конзервативна јужноамериканска држава, која овој месец се подготвува за неизвесни претседателски избори. -Сите парови кои сакаат да ја живеат љубовта, да стапат во брак и да основаат семејство ќе можат да го сторат тоа…

Read More