Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Груевски купил стан на Бихаќка од својата сосетка-тројца сведоци денеска сведочеа во судскиот процес „Плацеви на Водно“

0
By Mirjana on December 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 12:34

Прво во судницата сведочеше Бисерка Јовановска Ќаева, сосетка на поранешниот премиер Никола Грувески кој побегна во Унгарија, а сега му се суди во отсуство. Таа сведочеше дека купила стан на улицата Бихаќка и така му станала сосетка на тогашниот премиер.

– Јас и сопругот бевме сопственици на тој стан кој беше купен на кредит, редовно го плаќавме и го отплативме, рече сведокот и објасни дека во зградата на Бихаќка влегле меѓу првите станари.

-Станот беше со број 16 и имаше квадратура од 57 квадратни метри. Имаше и поголем но беше поскап, а имаше и помали, гарсоњери. Нашиот стан беше во иста линија со поголемиот стан кој подоцна го купи тогашниот премиер Никола Груевски,  рече Ќаева.

Таа во одговорите што ги даде на прашања од обвинителката Лиле Стефанова објасни дека станот го купиле за својата ќерка која била студентка, таму не живеела, само го користела кога со друштво одела во тој стан.

Семејството Ќаеви подоцна го продале тој стан затоа што бил мал за семејството, а рече и дека постојано имало контроли, биле легитимирани кога влегувале дома од обезбедувањето на Груевски, но пред се затоа што станот бил мал решиле прво да им го понудат на соседите, но и на поранешниот премиер.

– Јас, лично не се видов со тогашниот премиер, туку со луѓе овластени од него со кои отидовме на нотар и се изврши купопродажбата,  рече Ќаева.

Според обвинението, Груевски кој живееше со семејството на Бихаќка имал уште два стана во истата зграда, а кои само црно на бело биле на други лица, како наводни сопственици, а кои. никогаш не влегле во тие станови. Токму ова денеска беше во фокусот на сведочењата и на другите сведоци. По сосетката на Груевски, сведочеше и бинисменот Илија Гечев.

Стојанка Митреска

Плацеви на Водно рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.