Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Елисејската палата размислува на големо и најави неколку самити и десетици состаноци во Франција, кои ќе бидат додадени на формалниот совет на министрите закажан во Брисел. Севкупно, планирани се околу 400 состаноци, главно во текот на првите три месеци од француското претседателство. Тие ќе почнат со говор на шефот на државата во Парламентот во Стразбур на 19 јануари. Реформа на Шенген зоната, пакт за миграцијата, одбрана на Европа… Ова се дел од приоритетите на шестмесечното француско претседателство со Советот на ЕУ, на почетокто на 2022 година, што шефот на француската држава Емануел Макрон вчера ги истакна на речиси двочасовната конференција…
Бизнис конфедерацијата на Македонија по повод 20-годишнината од постоењето денеска организира конференција со бизнис заедницата, претставници од Владата и меѓународните организации под мотото „20 години БКМ во функција на бизнисот”. На настанот, како што е најавено, обраќање ќе имаат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици Фатмир Битиќи, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, координаторот на Меѓународната организација на трудот за Северна Македонија, Емил Крстановски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков. Како дел од конструктивното одбележување на 20-годишнината на БКМ, вицепремиерот Битиќи ќе одговара на претходно поставени прашања од бизнис…
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Американскиот претседател Џо Бајден, на виртуелниот Самит за демократија, на кој присуствуваа околу 100 земји, денеска изјави дека на демократијата и се потребни „шампиони“. – На демократијата во светот и се потребни шампиони, за да се спротивстави на големите и загрижувачки предизвици, порача Бајден од Белата куќа, опкружен со билборди на кои пишува „Самит на демократијата“ и лого во сина, портокалова и бела боја. Тој рече дека дури и САД „мора постојано да се борат за да останат на висината на своите демократски идеали“, додавајќи дека ниту една поканета земја „не е совршена“. Бајден повика со заеднички сили да се…
Најмалку 53 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико, јави ДПА. Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата се извртела на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиерез, соопшти шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија. Во несреќата се повредени најмалку 28 лица. Гарсија, рече дека, според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер напиша: „Длабоко жалам за трагедијата предизвикана од превртувањето на приколката во Чиапас во која се превезуваа мигранти од…
По повод Меѓународниот ден на човековите права, Канцеларијата на Народниот правобранител, денеска преку ЗУМ платформата, организира конференција на тема „10. декември, Меѓународниот ден на човековите права – денот на сите граѓани“. Конференцијата ќе ја отвори народниот правобранител, Насер Зибери, кој воедно и ќе го презентира неодамна изготвениот „Извештај од спроведената анализа за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител“. Обраќање на тема „Човековите права како столб на демократијата“ ќе има Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, а професорот Светомир Шкариќ ќе зборува на тема „Уставот и Народниот правобранител“. На тема…
Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Собранието денеска во 12:00 часот, во продолжение на 54-та седница, ќе ја почне расправата за дополнетиот Предлог – буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, што е 16-та точка на дневниот ред. Расправата по дополнетиот Предлог – буџет на пленарна седница трае пет дена. Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се…
НАТО заштитува, обединува и зацврстува. Денеска имавме прилика да видиме како овие три цели и задачи на Алијансата навистина се случуваат и пред наши очи. Видовме како со членството во НАТО, Северна Македонија е посилна и позаштитена, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по демонстрацијата на изведување на Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија. Со ова, посочи Шекеринска, нашиот воздушен простор целосно се приклучи во НАТО воздушното патролирање и можеме да кажеме дека безбедноста на нашето небо е дел од НАТО безбедноста. – Ова е можеби еден од највидливите резултати од нашата стратешка цел – членството во…
Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот портедок на секоја демократска држава. Притоа, правото мора да биде еднакво достапно до секој граѓанин, а институциите да обезбедат тоа да важи за сите подеднакво, бидејќи селективната правда е најголема неправда, истакна денеска Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн обраќањето на Меѓународната конференција „Судска реформа. Специјализирано правосудство“, што ја организираше Јавното обвинителство на Република Бугарија. „Борбата со организираниот криминал и корупцијата нема да ја постигне својата цел ако се води селективно и по желба и интерес на политички и економски моќници. Таа треба да биде неселективна…
На три дена до изборот за лидер на Социјалдемократскиот Сојуз, во интервју за НоваТВ, своите погледи и очекувања ги изнесе Јован Деспотовски, еден од кандидатите за оваа позиција и актуелен директор на ТИРЗ.- Доколку бидам избран за Претседател на СДСМ, веднаш ќе отвориме процес на разговори за тоа КАКОВ Претседател на Владата ни е потребен во овие времиња. Процес кој може да се спроведе во кус рок, но по кој ќе бидеме сигурни дека сме го избрале најдоброто решение.Граѓаните на последните локални избори испратија јасна порака не само за СДСМ туку за сите политички партии дека не се задоволни од…
Денеска во 14:30 часот, воздушниот простор на Република Северна Македонија официјално се вклучува во системот на НАТО воздушното патролирање. За таа цел во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија, организиран на Меѓународниот аеродром Скопје. Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе…
На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата. – На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа – кажа градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот. Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и…