Author: Mirjana

Советот на општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија. Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија. -Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0, постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во…

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година. Соговорниците се согласија дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.…

Read More

Спонтани протести се одржаа во Истанбул и Анкара, на кои демонстрантите побараа оставка на владата и отстранување на партијата на правдата и развојот. Полицијата ги растури демонстрантите. Турската национална валута денеска постигна нов неславен рекорд паѓајќи од 11, 37  на 13, 21  лири за долар. Финансовата аналитичарка Арда Тунџа изјавила дека ова е најголем пад, најголем за последните 20 години. Овие случувања се актуелни откако Турската Централна Банка го намали процентот на каматата до 15 отсто  а вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган повика на натамошно намалување на каматата.

Read More

ЈП Водовод и канализација – Скопје постави дигитален киоск во East Gate Mall. Дигиталниот киоск за наплата на сметките за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати. Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку дигиталните киосци кои се поставени на уште три локации во град Скопје и тоа: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје. Електронските услуги и сите дополнителни информации од интерес на корисниците се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација…

Read More

„Беса Транс“, чиј автобус изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, досега имала четири кривични пријави за непочитување на протоколите за ковид-19, велат од Државниот инспекторат за транспорт. Четирите контроли кои биле спроведени на гранични премини  резултирале со кривични пријави, информираат од инспекторатот за транспорт. Некои од тие кривични биле поради 50 отсто, а некои поради 70 отсто повеќе патници од дозволеното со анти ковид-19 протоколите.

Read More

Најмладиот починат патник во несреќата било дете на 4 годишна возраст а највозрасниот на 63 години, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Повикувајќи се на сопствени извори, агенцијата објавува дека најголемиот број на патниците биле родени меѓу 1971 и  2004 година. Автобусот -ковчег , како што стои во објавата на веста на БГНЕС, бил еден од 4 автобуси кои се враќале од организирана екскурзија во истанбул која според репортерот на БГНЕС изнесувала  79 евра. Во несреќата загинаа 46 македонски туристи , од кои 11 деца. Преживеаа 7 патници. Првичните анализи за несреќата , упатуваат на две верзии, пишува БГНЕС – 1.човечка…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија. – Во мое лично име и во име на бизнис заедницата изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на семејствата и роднините на загинатите во страотната сообраќајна несреќа, и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа. Нашите мисли ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани.

Read More

Автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно. Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ, кој пристигнал на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари. Тој вели дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти в лево, додавајќи дека има снимен материјал „што и не е пријатен за гледање“. – Глетката е страшна. Предниот дел на автобусот е изгорен, луѓето што се наоѓаат во (болницата) „Пирогов“ биле во…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија уште еднашка апелира во јавноста за предлогот како да се определи заштита на вработените во приватниот сектор во услови на сеуште актуелен ковид 19 вирус. Нашето барање, кое го доставивме и до Владата на РСМ на 15.11.2021 година, а имавме и прес конференција на 17.11.2021 е определување на задолжителна мерка за тестирање на невакцинираните вработени лица кој го немаат прележано вирусот Ковид 19 во последните 6 месеци. Сакаме повторно да укажеме дека ставот на бизнис заедницата е вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот…

Read More

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска упати телеграма со сочувство до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев, по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46 луѓе ги загубија животите, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ лично и во име на граѓаните на Србија, упати најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и народот во Северна Македонија, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување. – Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичната смрт на патници во автобус во Бугарија. Не постојат зборови со кои може да се опише…

Read More

Демократскиот сојуз им изразува длабоко и искрено сочувство на семејствата на загинатите во трагедијата која се случи ноќеска во близина на Софија, при што во пожар, во Македонски автобус, настрадаа 46 лица. Демократскиот сојуз очекува брза, ефикасна и транспарентна истрага за причините за несреќата и ги повикува надлежните истражни органи да дадат одговор на сите отворени прашања: техничка исправност на автобусот, состојбата на автопатот, премореноста на возачот или други причини.

Read More

Премиерот на Бугарија Јанев и Вицепремиерот Рашков рано утрово го посетија местото на погибијата на 46 македонски државјани. Изјавија дека ваква трагедија не паметат и дека е тешко за гледање. Информираа дека бугарските служби веќе работат  на истрага на причините за несреќата. Дека она што се знае е дека автобусот во еден момент преминал на десната страна од коловозот и дека ја „собрал“ заштитната ограда во должина од 50 метри. – Сликата е ужасна и не може секој да ја поднесе. Никогаш не сум виде вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се, рече Рашков.…

Read More