Најмладиот починат патник во несреќата било дете на 4 годишна возраст а највозрасниот на 63 години, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Повикувајќи се на сопствени извори, агенцијата објавува дека најголемиот број на патниците биле родени меѓу 1971 и  2004 година.

Автобусот -ковчег , како што стои во објавата на веста на БГНЕС, бил еден од 4 автобуси кои се враќале од организирана екскурзија во истанбул која според репортерот на БГНЕС изнесувала  79 евра.

Во несреќата загинаа 46 македонски туристи , од кои 11 деца. Преживеаа 7 патници.

Првичните анализи за несреќата , упатуваат на две верзии, пишува БГНЕС – 1.човечка грешка на возачот и  2.техничка неисправност која  се случила наеднаш.