Спонтани протести се одржаа во Истанбул и Анкара, на кои демонстрантите побараа оставка на владата и отстранување на партијата на правдата и развојот. Полицијата ги растури демонстрантите.

Турската национална валута денеска постигна нов неславен рекорд паѓајќи од 11, 37  на 13, 21  лири за долар. Финансовата аналитичарка Арда Тунџа изјавила дека ова е најголем пад, најголем за последните 20 години. Овие случувања се актуелни откако Турската Централна Банка го намали процентот на каматата до 15 отсто  а вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган повика на натамошно намалување на каматата.