ЈП Водовод и канализација – Скопје постави дигитален киоск во East Gate Mall. Дигиталниот киоск за наплата на сметките за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати.

Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку дигиталните киосци кои се поставени на уште три локации во град Скопје и тоа: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.

Електронските услуги и сите дополнителни информации од интерес на корисниците се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS.