Author: Mirjana

Од направени 3.859 тестирања, регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19. Според градови, овие бројки изгледаат вака: Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп –19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1. Регистрирани сe…

Read More

Поранешниот потпретседател на партијата „ Нова сила на Србија“ Саша Мратиќ , на својот фејсбук профил објави видео кое го насловил како „Чудо во Пеќката Патријаршија“ со кое потсети на водениот гејзер пред портите на патријаршијата. Тој во текстот на видеото објаснува дека свештенството овде со години се мачело со недостаток на вода ,за што било известено и ОБСЕ. Водениот гејзер кој исфрлал вода во висина од 6 метри и кој повремено се појавува пред влезот на патријаршијата во Пеќ би требало да е решение за немањето вода. Верниците пак веруваат дека Бог конечно им се смилувал.

Read More

Здравјето на децата секогаш е на прво место. Да им помогнеме здрави и безгрижни, да ги остварат своите соништа, порача министерот за здравство Венко Филипче по повод Светскиот ден на детето. Министерот во својата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ потсети на заложбите на Министерството за здравство за подобрување на здравствениот систем во изминатиот период. -На Клиниката за детски болести реновиравме бројни одделенија – за интензивна нега, за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца. Воведовме нова бесплатна терапија за децата со ретки болести. На Клиниката за хематологија…

Read More

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточен Азербејџан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 223 километри и на оддалеченост од 10 километри од населбата Алтуагај, каде живеат околу 1.000 луѓе, пренесува агенцијата ТАСС. Нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета

Read More

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур одговарил на барањето на одбраната на Орце Камчев и побарал одговори од Владата за нејзиното непостапување, информираат од правниот тим на бизнисменот, а во врска со необезбедување на соодветен третман за неговата здравствена состојба. „Најдоцна до 24 ноември, Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето од 29 октомври 2021 за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на доктор интернист/кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина, за да изврши преглед на г-динот Камчев, испратено до Основниот Суд Скопје. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ја бара на…

Read More

Наредната недела треба да разјасни  како ќе се размрси политичко-партискиот јазол и кој тас од вагата ќе наттежне дали оној на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ или и двете најголеми партии ќе покажат пата-пата пратеници односно 60/60 по што неизбежна ќе биде разврската преку малцинска влада и организирање предвремени парламентарни избори. Официјално, во Алтерантива денеска молк, со исклучок на изјави на кои се повикуваат дел од медиумите од високи претставници од партијата на Гаши, дека одлуката за тоа дали Алтернатива ќе продолжи со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ ќе се дознаела во вторник. Еден таков претставник од партијата на Гаши за Телма…

Read More

По донесувањето на пресудата од Кривичниот суд за случајот со полициска бруталност во Битола, според која полицискиот службеник е осуден на една година затвор, граѓанското движење АВАЈА организира марш за правда. Маршот започна пред Кривичниот суд во Скопје од каде беше порачано Апелациониот суд да ја прифати одлуката на Кривичниот и таа да стане правосилна. -Денеска Ромите се борат за своите права со тоа што е пропишано. Денеска тука сме сите собрани во име на сите жртви на полициска бруталност, на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои…

Read More

Ценејќи ја мисијата на УНИЦЕФ, но и визијата и желбата за акција во периодов со кој сме оптоварени со пандемијата на ковид-19, посебно се радувам што имам можност да бидам покровител на иницијативата  „Преосмисли ја иднината“ која се состои од дискусии, консултации, работилници за и со младите. Впрочем, и денешното одбележување на денот на детето е директно поврзан со тие активности. Имено, токму трите теми за кои денес разговараме беа избрани од самите млади на почетокот на иницијативата во февруари оваа година. Подоцна во текот на летото следеа работилници на споменатите теми на кои бевме сведоци на солиден интерес и висок…

Read More

На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект  во с.Чегране, соопшти МВР. При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за…

Read More

Неколку американски конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, му напишале писмо на бугарскиот амбасадор во САД, Тихомир Стојчев со заложба да се реши билатералниот спор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Со ова сметаат конгресмените, ќе и се овозможи на Северна Македонија пред крајот на оваа година да ги почне преговорите со Европската Унија. – Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, се вели во дописот на конгресмените до бугарскиот дипломат во САД. Конгресмените навеле дека со ваквиот потег на Бугарија…

Read More

Постапувајќи по пријава примена во текот на вчерашниот ден  во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата, информираат од МВР. Инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода…

Read More

Во општина Гази Баба спротивно на закон се склучувани договори на дело со лица кои не оделе на работа а примале плата.  Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Ова незаконско дејство е спротивно на членот 8 од Законот за трансформација во редовен работен однос во кој јасно е утврдено дека врз основа на договор на дело не може да се ангажираат повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот на…

Read More