Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Митева: Во општина Гази Баба луѓе со договор на дело, земале плата без да одат на работа

0
By Mirjana on November 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 20, 2021 13:58

Во општина Гази Баба спротивно на закон се склучувани договори на дело со лица кои не оделе на работа а примале плата.  Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа.

Ова незаконско дејство е спротивно на членот 8 од Законот за трансформација во редовен работен однос во кој јасно е утврдено дека врз основа на договор на дело не може да се ангажираат повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот на претходната година и согласно овој Закон требало да биде ангажирано само 1 лице.

Во општина Гази Баба, од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори што е спротивно на член 8а од Изборниот законик.

Во однос на ова, склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби.

Согласно информациите, се работи за лице кое претходно било вработено во општина Гази Баба па заминало во пензија.

По пензионирањето со тоа лице е склучен договор за консултантски услуги, а лицето било задолжено да работи на предмети за легализација на дивоградби во Гази Баба. Локалните избори биле распишани и ваквото постапување е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

Согласно Изборниот законик, а и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции пред и за време на распишаните избори.

ВМРО ДПМНЕ прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.