Од направени 3.859 тестирања, регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19.
Според градови, овие бројки изгледаат вака: Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп –19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 317 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

А, во однос на 33 годишното починато лице, тоа било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба, информираат од министерството за здравство.

Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, денеска донесува пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.