Author: Mirjana

“ТХП нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија” Како демократски, одговорен и транспарентен политички субјект, Партијата за движење на Турците (ТХП), со будно око ги следи политичките случувања кои можат да бидат исклучително значајни, но и фатални за иднината на нашата земја. Како сериозна парламентарна партија спремни сме да дадеме максимален придонес за надминување на оваа политичка криза. Но, Партијата за движење на Турците (ТХП) никогаш нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија, а…

Read More

Проектираната патека на раст на македонската економија ќе овозможи достигнување и надминување на преткризното ниво во текот на следната година. Инфлацијата останува умерена – тековните ценовни притисоци на глобален план се од привремен карактер и се очекува стабилизација во текот на следната година. Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции на конференција за медиумите. Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и се објавуваат во услови наметнати од пандемијата и глобална неизвесност. При…

Read More

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, каде се разговара за последните политички случувања, истакна дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата. Меѓу другото, тој додаде дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат. – Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21. Претходно од неговата матична партија Алтернатива соопштија дека…

Read More

До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари. Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не, прашувата од СДСМ. СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ. Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и…

Read More

Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ, се посочува меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, лиферувано веднаш по објавата на ФБ од страна на Заев.

Read More

Откако не поднесол оставка, а по истрагата на наводите на членот од мешовитата македонско-бугарска комисија професорот Ванчо Ѓоргиев за директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата, а кои се покажале како неосновани, министерот за надворешни работи Бујар Османи одлучил да го прекине договорот  со професорот Ванчо Ѓоргиев, известува „Слободен печат“. Министерот, ги прозива членовите на комисијата да најдат замена за Ѓоргиев. Османи, како што пишува, „Слободен печат“, му го прекинал Договорот на Ѓоргиев зашто со оглед на времето кога се појави со изјава , направил политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата.

Read More

Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти. Деновиве повторно сведочиме како новонастанатата политичка криза во државата автоматски предизвика силен бран омраза заснована на етничка и политичка припадност и тоа преку закани со војна, реваншизам, бесење, силување и други најави на насилство кон ,,другите’’. И во оваа прилика напоменуваме дека Хелсиншкиот комитет, како граѓанска организација која во континуитет ги следи говорот и делата од омраза и предупредува на последиците од овие феномени врз општествената кохезија, а особено…

Read More

Српската премиерка Ана Брнабиќ ги отфрли наводите дека иницијативата „ Отворен Балкан“ е во криза и порача дека сите оние кои ќе и се приклучат во наредната година ќе имаат значајна корист , а дека оние кои нема да се приклучат ќе зажалат,  пренесе Танјуг. – Секако дека не е во криза. Таква иницијатива не може да биде во криза. И да останат Србија и Албанија или само Србија и Северна Македонија , таа и понатаму е победничка иницијатива, изјавила Брнабиќ во емисијата „ Хит Твит“ на ТВ Пинк. Премиерката нагласила дека оваа иницијатива носи огромна корист за граѓаните, стопанството,…

Read More

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија и амбасадорката, Сузана Зеленковска. Во август оваа година, ги промовиравме деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети за мене, како Министер за надворешни работи,…

Read More

Фактите за пречките во меѓусебната размена беа пресудни претседателот Вучиќ да изјави: „Фрустрирачки е она што ќе го договориме да не можеме до крај да го исполниме“ Бранко Азески, претседател, Стопанска комора на Северна Македонија Белград, 4.11.2021 година. Палата „Србија“, состанок Вучиќ-Рама-Димитров, наспроти 15 бизнисмени од Србија, Северна Македонија и од Албанија. По отворената дискусија за проблемите при протокот на стоки и на услуги, со кои секојдневно се среќаваат бизнисмените, се слушна фрустрирачка констатација дека она што го слушнале политичките лидери е за неверување и дека, ако сакаме отворен Балкан, мора под итно да се реагира. Наместо 60, состанокот се…

Read More

Во ексклузивно интервју за ДВ германската канцеларка во заминување Ангела Меркел зборува за климатските промени, прочуената реченица „Ќе успееме“, за малку меланхолија и примопредавањето на функцијата. Опуштена и начисто со себе – така делува германската канцеларка Ангела Меркел за време на интервјуто со шефот на информативната редакција на ДВ, Макс Хофман, во нејзиниот кабинет во Берлин. Не се двоуми многу околу тоа кои ѝ биле најголемите предизвици за време на мандатот. Лично најмногу ја погодил „бегалскиот притисок од Сирија и околните земји, а потоа корона-пандемијата“. Во двата случаи „видовме како тоа директно ги засега луѓето кога се работи за човечки судбини.“ „Да, успеавме!“ На прашањето дали смета…

Read More

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица од кои: првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената како службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 5 вв став 1 од Кривичниот законик, кривично дело ПОТТИКНУВАЊЕ од член 23 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело…

Read More