Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ексклузивно интервју на Ангела Меркел за Дојче веле: Ќе се навикнете без мене

0
By Mirjana on November 8, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 8, 2021 11:47

Во ексклузивно интервју за ДВ германската канцеларка во заминување Ангела Меркел зборува за климатските промени, прочуената реченица „Ќе успееме“, за малку меланхолија и примопредавањето на функцијата.

Photo: DW

Опуштена и начисто со себе – така делува германската канцеларка Ангела Меркел за време на интервјуто со шефот на информативната редакција на ДВ, Макс Хофман, во нејзиниот кабинет во Берлин. Не се двоуми многу околу тоа кои ѝ биле најголемите предизвици за време на мандатот. Лично најмногу ја погодил „бегалскиот притисок од Сирија и околните земји, а потоа корона-пандемијата“. Во двата случаи „видовме како тоа директно ги засега луѓето кога се работи за човечки судбини.“

„Да, успеавме!“

На прашањето дали смета оти Германија добро се справила со приливот на 800.000 бегалци во 2015 година, кога ја изговори и нејзината позната реченица „Ќе успееме!“, таа сега одговара – „Да, успеавме!“ Додава и дека не поминало „сѐ идеално“, но дека помогнале многу сограѓани, градоначалници, волонтери и хуманитарци.

Во однос на мигрантите Меркел вели: „Кога ќе помислам на некои матуранти, имаме прекрасни примери на успешен личен развој.“ Самокритично додава: „Но, сѐ уште не успеавме да ги решиме причините за бегалскиот бран. Не успеавме ниту да обезбедиме единствена политика за азил и миграција во Европа.“ Овде има уште многу работа, додава таа.

Борбата против климатските промени „мора многу, многу да се забрза“

Како своевидна криза во нејзиното време како канцеларка Меркел го посочи тоа што сѐ повеќе луѓе во светот го доведуваат во прашање мултилатерализмот: „Тоа мене отсекогаш ми било важно и секогаш се обидував да ги зајакнам меѓународните организации како ММФ, Светската банка, Светската трговска организација и други.” Во однос на темата која сѐ повеќе се наметнува – борбата против климатските промени, канцеларката е категорична: „Мораме многу, многу побрзо да делуваме.“

Меркел пред да дојде на канцеларската позиција беше министерка за животна средина и го водеше првиот климатски самит на ООН во 1995 во Берлин. Сега вели: „Мораме повторно да ги следиме проценките на науката и да се држиме до тие 1,5 степени затоплување.“

Photo: DW

Младите „мора да вршат притисок“

Меркел пред неколку дена беше на последната климатска конференција на ООН, која до средината на ноември се одржува во Глазгов. „Глазгов веќе донесе одредени резултати,“ вели таа „но, од перспектива на младите луѓе е оправдано што мислат дека развојот сѐ уште е премногу бавен.“ Изненадувачки, директно Меркел додава: „Затоа им порачувам на младите дека мора да вршат притисок.”

Но, тоа не е воедно и признание за личен неуспех во однос на климатската политика. Канцеларката потоа во интервјуто додава дека за секоја одлука во однос на климатската заштита е потребно мнозинство, но дека при носењето на ваквите одлуки секогаш постојат стравувања од социјалните последици при строги кратења на пример кај личната потрошувачка.

„Јас секогаш сум била силен поборник, но, сепак, денес не можам да кажам дека резултатот е задоволителен“, вели таа. Признава и дека морала да уважи дека проценките на научниците во секој следен извештај биле „сѐ полоши и сѐ пострашни.”

Уште кратко време на функцијата

Од неодамна долгогодишната канцеларка е само вршител на должноста откако Бундестагот имаше конститутивна седница. Од нејзината канцеларија Меркел 16 години го уживаше погледот на зградата во која се наоѓа парламентот. На парламентарните избори во септември годинава воопшто и не настапи како кандидат на Унијата за канцелар. На изборите со тесна разлика пред ЦДУ/ЦСУ победија Социјалдемократите.

Прошталниот прием во Франција „убаво доживување”

Во последниов период Меркел имаше повеќе проштални посети на шефови на држави и влади, меѓу другите и со францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја покани канцеларката во гратчето Бон и подоцна ја одликуваше со Големиот крст на легијата на честа, орден од највисок ранг во Франција.

Во интервјуто за ДВ Меркел директно кажува дека тоа ја трогнало: „Знам дека има и луѓе кои не се задоволни со мојата политика. Но, кога сум во Франција, каде историски не секогаш сме имале пријателски чувства едни за други, секако дека ме радува што дојдоа толку многу луѓе за да го поздрават претседателот Макрон и мене. Морам да признаам дека тоа ми беше убаво доживување.“

„Смирувачкиот сигнал“ од Меркел за светот

На средбата на Г20 пред една недела во Италија, Меркел повеќепати демонстративно се покажа во друштво на социјалдемократот Олаф Шолц, актуелниот министер за финансии и човекот кој има најмногу изгледи да ја наследи. Тој во Берлин води преговори со Зелените и Либералите за формирање нова влада под негово водство.

За деновите на самитот на Г20 во Рим, Меркел рече дека ѝ било важно да испрати една порака до народот: „Ако имаат чувство дека помеѓу актуелната канцеларка и веројатниот наследник има разбирање, тоа е смирувачки сигнал за светов, кој е прилично турбулентен и сметав дека е исправно тоа да се порача”.

Photo: DW

За крај: „Ќе се навикнете”

На прашањето на Макс Хофман со што ќе се занимава за кратко време, кога веќе нема да биде на функција, таа одговара: „Тоа уште не знам. Реков дека прво малку ќе се одморам, па потоа ќе видиме што ќе ми падне на памет”. Ќе чита многу и ќе спие.

Таа повеќепати нагласуваше дека смета оти лесно ќе ја препушти власта, а тоа го повтори и во интервјуто за ДВ, „едно од последните во својство на канцелар”. Од една страна се радува, но признава и дека „секако ќе се појави и малку тага, бидејќи секогаш работела со мерак и тоа уште е така”.  Вели дека мора да остане внимателна до последниот работен ден.

На забелешката на Хофман дека човек воопшто не може да си замисли по 16 години Меркел на канцеларското столче да седне друг, сѐ уште канцеларката трезвено, како што ја знаеме, со насмевка одговара: „Ќе се навикнете и на тоа.”

 

 

 

Дојче Веле интервју Меркел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.