Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ, се посочува меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, лиферувано веднаш по објавата на ФБ од страна на Заев.