Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Со Договорот од 1 август 2017 година, Северна Македонија и Бугарија потпишаа дека ќе обесхрабруваат провокации кои не се во интерес на ниту една страна, дека нема да влегуваат во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои не носат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ. Наместо тоа, Договорот обврзува да се одржува европски дијалог и да се почитува и применува целосно, вклучувајќи го и темелниот принцип за немешање во внатрешните работи на двете земји. Имаме разбирање за внатрешна политичка предизборна состојба во Бугарија и комплицираниот изборен тек, но сметаме дека тоа не…
Денеска се одржа уште едно рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ во кој сведочеше Александар Ивановски, познат во бизнис заедницата како Алек Теранова. Тој сведочеше дека бил замолен од Сашо Мијалков да отвори фирма по име „Сирах“ во Скопје што би била фирма ќерка на истоимена оф шор фирма формирана на Белизе. Мијалков го праша Ивановски дали имал материјален доказ за тоа што го зборува, но Ивановски му рече дека не поседува материјален доказ зашто бил разговорот по телефон. Ивановски само потврди дека потпишал документација за основање фирма ќерка на офшор компанија , но оти не знае кога била таа…
Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово почина 17 годишна пациентка од село Сопотница, Демир Хисар. Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18.10, младата пацинетка за првпат побарала лекарски преглед во КБ Битола.Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, ТТ 40С, отежнато дишење и болки во телото и мускулите. Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во…
На 5 ноември Јордан Орце Камчев во притворот каде се наоѓа, ќе биде посетен од советникот во Бугарската амбасада во Скопје, Герман Ванчев. За ова, информира судијата во случајот „Плацеви на Водно“ на денешното рочиште од истоимениот судски процес, Илија Трпков. Трпков истовремено извести дека одобрил да се реализира посетата за која барање стигнало од амбасадата на Бугарија во Република Северна Македонија во форма на вербална нота. -Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев. Од моја страна е дадена…
Интервју на специјалниот советник за регионални прашања на претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија Горан Свилановиќ Не гледам конкуренција меѓу Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Отворен Балкан, ниту некаква поделба или отфрлање на другите земји. Работата е Северна Македонија, Србија и Албанија да не чекаат, да одат малку побрзо, а да бидат отворени за сите останати. Другите треба да согледаат дали овие три држави договорија и прават нешто вистински корисно и ако да, да речат: „па ајде и ние“, вели во интервју за МИА поранешниот генерален секретар на Советот за регионална соработка и дипломат, Горан Свилановиќ. Според него, деловната…
Денеска во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Основната јавната обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и јавниот обвинител и портпарол Сијка Милева кои се во дводневна посета на нашата земја. Во рамките на работната средба во фокусот на разговорите беше борбата против меѓународниот организиран криминал и корупцијата и превенција и сузбивање на тероризмот. Меѓу другото, обвинителите ја истакнаа и важноста од брзо постапување во меѓународната правна соработка, како и улогата што истата ја има во сузбивањето на транснационалниот криминал. Иван Гешев и Вилма Русковска го истакнаа…
Демократскиот сојуз оценува дека изборната кампања пред вториот круг е многу заострена, со голема жестина во настапите, нереални ветувања, меѓусебни обвинувања и дискредитации помеѓу кандидатите и политичките партии. Бидејќи првиот круг на изборите помина мирно, во фер и демократска атмосфера, а резултатите беа одраз на определбата на гласачите, ги повикуваме сите политички актери сегашниот негативен набој на изборната кампања да не се одрази на изборниот ден во недела, за и вториот изборен круг да помине мирно, во демократски дух. Очекуваме резултатите да ги признаат сите учесници во изборниот процес. Демократскиот сојуз му дава безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на…
Младите се нашата иднина – Отвораме нов Младински центар, Креираме локална младинска стратегија, отвораме Канцеларија за млади, буџет за млади, субвенционираме еколошки превоз за млади, електронски уреди, Карпош ФИТ, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Деца од предучилишна и училишна возраст – преку обезбедување и одржување здрава средина за раст, развој, отвораме можности за образование во современо опремени училишта и нивна подготовка за продолжување на средното образование според сопствен избор, квалитети и афинитети. Родова еднаквост – доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација…
Центарот за поддршка на компании за настап на НАТО пазарот – реална институционална поддршка на домашната економија. По членството на Северна Македонија во НАТО, домашните компании добија одлична можност да ги покажат своите капацитети и квалитети и да учествуваат на тендерите за набавки за потребите на Алијансата и земјите-членки чија вредност на годишно ниво надминува 5 милијарди евра. Потребите за набавки на Алијансата се навистина големи – преку двете НАТО агенции, Агенцијата за поддршка и набавки и Агенцијата за комуникации и информации, Алијансата врши набавки од различни области – набавки на униформи и обувки, средства за дезинфекција, изградба и опремување…
На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите, како што се наведува во соопштението од градската организација на СДСМ, околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните. Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот одлокацијата, по што снимањето продолжило. Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?- прашуваат од Градската организација на СДСМ.
Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија – додаде Петровска. Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска на денешната прес-конференција изјави дека независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. – На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Република Грција. На средбата членовите на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за досегашната работа како и за наредната средба на двете комисии, која е закажана за месец ноември.