Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Од први декември годинава на сила ќе стапи новата одлука која предвидува забрана и повлекување од продажба на пластични кеси во маркетите и на пазарите. Со тоа, пластичните кеси би биле заменети со нови, биоразградливи кеси кои според најавите ќе чинат петнаесет денари од парче. Голем дел од анкетираните граѓани сметаат дека одлуката е на место и дека повлекувањето на пластични кеси од употреба е нужно поради енормното загадување во околината. „Треба да се укинат затоа што пластикава не угуши, буквално.“ – смета постара скопјанка. „Треба дефининитивно да се повлечат од употреба, затоа што прво ја загадуваат околината, затоа што…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје – 247, Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово,…
Наградата за особен придонес во филмската уметност, која ја доделува МФФ „Киненова“ годинава му припадна на македонскиот актер Мето Јовановски. -Сите ние некојпат сме биле почетници и секојпат некој познат или непознат се случувало да не помогне. Да имаме некаква позадина, поддршка, што е многу важно. Други времиња беа кога јас почнав во седумдесеттите години, други времиња се сега. Не би рекол дека на Милчо Манчевски првиот филм „Пред дождот“ е дебитантски филм, но е еден од неговите први филмови и постогна голем резултат. Нештата немаат правила, честопати се случува во почеток, од многу причини, амбиција, креативност, страв да се…
Првата дама на Република Северна Македонија во Дубаи поради учество на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“. Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ќе учествува на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020. Обраќањето може да го проследите на следниот линк: https://virtualexpodubai.com/listen-watch/events/vision-and-journey-prof-dr-elizabeta-georgievska-first-lady-of-north Сопругата на претседателот, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен министер за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати, а во придужба на Худа ал Хашими, генерален директор за стратегии и иновации во Канцеларијата на…
„До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок со сите чинители од енергетскиот сектор во рамки на првиот состанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба и согласно сите информации од нивна страна не беше донесена одлука за прогласување на електроенергетска кризна состојба во државата“ Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба на која присуствуваа претставници од најголемиот производител на електрична енергија во…
Денеска министерот Оливер Спасовски со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи учествуваше на Завршната конференција на твининг проектот финансиран од ЕУ – “Усогласување на националните системи за гранично управување со барањата на ЕУ и Шенген”, на која учествуваа и амбасадорот на Словачката Република Н.Е. Хенрик Маркуш , шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин, како и претставници од МВР Словачка и Словенија и Лидерите на проектот. Денешниот настан беше заокружување на скоро тригодишните проектни активности во рамки на кои експерти од Република Словачка и Република Словенија заедно со припадниците од Одделот за гранични работи и миграции…
Во рамки на зеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, донесен е Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва, кој почнува да се применува од денеска. Целта на новиот Кодекс за корпоративно управување е преку примена на добрите практики на корпоративно управување да се подобри управувањето и контролата во котираните друштва, да се зголеми транспаретноста во нивното работење, да се подобри начинот на кои друштвата остваруваат комуникација со акционерите и инвеститорите и да се воспостават системи за поддршка за успешен развој на домашните компании. – Со ова Берзата прави уште еден значен чекор напред во имплементирањето…
Во тек е голема спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, југоисточно од островот Хиос, откако потона чамец со бегалци и мигранти, во кој според првичните информации на медиумите во Грција, се превезувале 27 лица, а спасени се 20, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми во спасувачката акција учествуваат три бродови, два на крајбрежната служба и еден на НАТО, хеликоптер супер пума, хеликоптер на грчката армија, три рибарски чамци и три бродови што се наоѓаат во близина.
Општина Центар ќе биде отворена општина за сите граѓани и тоа ќе се почувствува уште во првите 100 дена од мандатот, најави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата. Тој изјави дека локалнатана власт е најблиска власт до граѓаните и општината мора да функционира како место на кое граѓаните се чувствуваат добредојдени, каде ќе добијат навремена услуга и каде ќе може секогаш да бидат примени и ислушани. „Затоа, јас како иден градоначалник секојдневно ќе одвојувам по еден час само за директни средби со граѓаните, покрај отворените денови кои остануваат редовна пракса. Преку оваа редовна комуникација директно…
Вчеравечер околу 21часот и 50 минути, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив. Настанот се случувал на улица „Борис Кидрич“, каде бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Постои суштинска разлика меѓу мојата и програмата на мојот противник, а тоа се конкретните решенија кои ги нудам за трите клучни проекти сообраќајот, хигиената и урбанизмот, рече Горан Герасимовски во вечерашното гостување на „24 Анализа“ на Тв 24. „Тој рече дека Моите три клучни пораки и проблеми коишто планираме првично да ги градиме тоа е доволно паркинг места со конкретен број на паркинг места и конкретни места каде што ќе се градат истите и секако хигиената на повисоко ниво, а тоа е со поврзување на комуналното претпријатие ПОЦ со дополнителен сектор со комунална хигиена каде што ќе го зголемиме бројот…
Телескопот на НАСА можеби ја пронајде првата планета надвор од нашата галаксија „Млечен Пат“. Доколку се потврди, светот би бил илјадници пати подалеку од многуте егзопланети што досега ги најдовме во нашата сопствена галаксија. Научниците беа во можност да го сторат тоа користејќи ја опсерваторијата на НАСА со рендгенски зраци Чандра, со користење на техники кои би можеле да овозможат пребарување на други светови и да го скенира количеството простор што може да го скенира, објави денеска Nature Astronomy. Досега, секоја егзопланета или можна егзопланета што е пронајдена била на нашиот Млечен Пат. Тоа значи дека речиси сите се на…