Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Мал напредок е постигнат во однос на спроведувањето на стратегијата за судска реформа со што дополнително се одговара на препораките на Венецијанската комисија и на Експертската група за владеење на правото. Напори сѐ уште се потребни за да се обезбеди систематско спроведување на обновениот акциски план за стратегијата за судски реформи и стратегијата за човечки ресурси за судството и обвинителството, оценува Европската Комисија. Умерена подготвеност покажува Северна Македонија и во борбата против корупција, таа го зацврстува процесот на гонење криминал и корупција вклучително и високопрофилни случаи, јавува дописничката на МИА од Брисел. Генерално законската рамка за човекови права е во…
Американскиот специјален пратеник за Авганистан Залмај Калилзад поднесе оставка на функцијата, потврди американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Неговата оставка доаѓа на два месеца по повлекувањето на САД од Авганистан . Со години ги предводеше разговорите меѓу САД и Талибанците и беше клучна личност во мировните преговори со таа група. Во текот на тие преговори, негов колега од другата страна, беше соосновачот на талибанците Абдул Гани Барадар, кој неодамна е именуван за вршител на должност заменик премиер на талибанската влада во Авганистан. На местото на Калилзад , доаѓа неговиот заменик Томас Вест.
Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени , вклучувајќи и 33 војници во активна служба,поради наводна поврзаност со имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го товари дека е одговорен за неуспешниот воен удар во 2016 година. Ѓулен кој живее во САД ,ја отфрли вмешаноста во неуспешниот воен пуч во јули 2016 година кога загинаа над 250 луѓе. Медиумите наведувата дека во текот на последната полициска рација уапсени се 97 луѓе . а меѓу осомничените се и 110 питомци на Военото училиште како и 48 поранешни и активни припадници на армијата. Колку за потсетување . По неуспешниот воен удар околу 80.000…
Вооружени напаѓачи убиле најмалку 30 луѓе во напад во сојузната држава Сокото во северна Нигерија, соопшти денеска кабинетот на гувернерот. „Нападот започна во неделата на пазарот во Гороњ и продолжи денеска наутро“, се вели во соопштението од канцеларијата на Амин Вазири Тамбувал, гувернер на провинцијата Сокото. Според очевидци, напаѓачите првично успеале да ја неутрализираат полицијата која се обидела да интервенира. Низ северозападна Нигерија, вооружени терористи убиле или киднапирале голем број луѓе во текот на минатата година за откуп, а земјата е во безбедносна криза што владата се обидува да ја реши со нарушување на комуникациите, воени операции и зголемено полициско…
Русија од следниот месец ќе ги прекине сите дипломатски односи со НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи, предводено од Сергеј Лавров. Москва најави дека целосно ќе ги прекине операциите на својата мисија во НАТО, две недели откако блокот предводен од САД протера осум руски дипломати поради наводна „неоткриена шпионажа“ во седиштето во Брисел. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, исто така, откри дека информативното биро на НАТО во Москва ќе биде принудено да се затвори. Покрај тоа, акредитациите за претставниците на Алијансата ќе бидат одземени. Новите правила наложуваат и да се прекине работата на информативното биро на НАТО, формирано во…
На денешен ден во 1922 година, беше основан Би-Би-Си – првиот јавен сервис во светот. Корпорацијата беше основана од група водечки производители на безжични мрежи, вклучително и Гиљермо Маркони. Програмата започна во ноември истата година, а пет години подоцна, по кралското одобрување, го доби сегашното име British Broadcasting Corporation (Би-Би-Си). Би-Би-Си е британска корпорација за емитување радио и телевизиски програми во светот. Со седиште во Лондон, ова е најстарата национална радиодифузна станица во светот и најголемата радиодифузна станица во светот според бројот на вработени
Западниот Балкан ќе биде на агендата на министрите на ЕУ во рамките на Советот за надворешни работи, хрватскиот министер предупреди дека ситуацијата во регионот се влошува, јави дописничката на МИА од Брисел. Состанокот, кој се одржува во Луксембург овој месец, е посветен на сите големи предизвици во областа на надворешната политика на ЕУ, овој пат Западниот Балкан е повторно тема на дискусии. Пред почетокот на состанокот, хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман побара од ЕУ да покаже посветеност на темата. -Неодамнешните инциденти во Црна Гора, на границата меѓу Србија и Косово се причина за сериозна загриженост. Ситуацијата во…
Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата влада ќе работи на убедување на локалното население во техничката безбедност на проектот за отстранување на отпадните води. Нуклеарната централа Фукушима Даичи претрпе сериозни оштетувања во 2011 година по силен земјотрес и цунами, а за време на неговата кратка посета на Фукушима со експерти од…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше истакнато дека воената соработка меѓу војските на двете држави е позитивен пример за соработка, како полноправни членки на НАТО и се разговараше за нејзино унапредување и продлабочување во иднина. Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за унгарската поддршка за нашите европски интеграции, како и за поддршката за нашето членство во НАТО, го поздрави унгарското превземање на командата на КФОР и ја изрази нашата подготвеност за соработка.
Во 84-тата година од животот како последица од Корона вирусот, почина поранешниот министер за надворешни работи на САД и своевремено, началник на армијата на САД, Колин Пауел, соопшти неговото семејство. Неговото семејство на Фејсбук соопшти дека Пауел почина како последица од ковид-19 иако бил целосно вакциниран. „Загубивме извонреден и сакан сопруг, татко и дедо и голем Американец“, соопшти семејството. Колин Пауел во американската државна историја ќе биде запаметен како прв афроамериканец -државен секретар на САД. На оваа функција Пауел беше во периодот 2001-2005 година, кога на чело на САД беше претседателот Џорџ Буш. Роден е во Њујорк во 1937, во…
Во отсуство на официјални резултати од првиот круг на седмите по ред локални избори во државава, дел од аналитичарите што ги контактира НоваТВ, извлекуваат заклучок врз основа на освоените гласови, дека сега притисокот врз власта ќе биде голем за организирање на предвремени парламентарни избори а притисокот врз парламентот дополнително ќе расте со блокада на неговата работа. Власта милува, но корупцијата урива, го почнува својот став новинарот и аналитичар Зоран Иванов. Тој не исклучува, ваквата состојба да резултира со „сите во парламентот“, доколку надвладее разумот, за да се протуркаат реформите без опозиција. – Без оглед на епилогот од вториот, првиот изборен…
Куќа во Мичиген (САД), во облик на параброд се продава за 750.000 долари, а нејзиното претставување на интернет привлече внимание поради необичниот изглед. Внатрешноста на куќата со пет спални соби, изградена 1930-тите, е дизајнирана да изгледа како да сте на вистински брод. Друга одлика е директниот поглед кон езерото во близина, додека се престојува во дневната соба. Уникатната зграда изгледа како „брод што излегува од земјата“. Дизајнирана е во „морнарски стил“ и однадвор и однатре, во имиџот на 1950-тите и 60-тите. – Вилијам Баум, страстен морнар, ја изградил куќата во 1935 година со помош на семејството и пријателите, вели неговата…