Американскиот специјален пратеник за Авганистан Залмај Калилзад поднесе оставка на функцијата, потврди американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Неговата оставка доаѓа на два месеца по повлекувањето на САД од Авганистан . Со години ги предводеше разговорите меѓу САД  и Талибанците и беше клучна личност во мировните преговори со таа група.

Во текот на тие преговори, негов колега од другата страна, беше соосновачот на талибанците Абдул Гани Барадар, кој неодамна е именуван за вршител на должност заменик премиер на талибанската влада во Авганистан.

На местото на Калилзад , доаѓа неговиот заменик Томас Вест.