Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Талибански претставници ќе се сретнат со претставници на ЕУ во Доха утре, објави денеска нивниот министер за надворешни работи. Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација. „Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји”, рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар. Тој не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор или нивниот број.
Здравствената состојба на 77-годишниот Милош Земан, кој вчера беше хоспитализиран, е стабилна, изјави секретарот за печат на Централната воена болница во Прага, Итка Зинке. – Состојбата на претседателот на републиката Милош Земан, кој беше хоспитализиран, е стабилизирана,, рече Зинке. Веднаш по средбата вчера изутрина со премиерот Андреј Бабиш, Земан беше хоспитализиран. Судејќи според снимката од онлајн изданието на Новинк, Земан не бил при свест при пристигнувањето во болницата. Сепак, шефот на претседателскиот кабинет, Вратислав Минарж, подоцна им рече на новинарите дека Земан едноставно спиел. Подоцна, онлајн изданието MfD, повикувајќи се на свои извори, објави дека лекарите успеале да ја стабилизираат…
Романскиот претседател Клаус Јоанис го предложи Дачијан Чолош, лидер на центристичката Унија за спас на Романија, за мандатар за формирање влада. Минатата недела, малцинската либерална коалиција на Флорин Читуа, која беше на власт девет месеци, ја загуби довербата. „Партијата УСР е единствената партија која ми поднесе предлог“, изјави Јоанис објаснувајќи ја одлуката за именување мандатар откао одржа одделни консултации со сите парламентарни партии.
Шпанскиот Геолошки институт соопшти дека вулканот во Ла Палма делумно е изгаснат поради запушување на кратерот со големи блокови од стврдната лава кои се споредуваат со големина на трикатница. Шпанските авторитети рекоа дека сепак ги мониторираат деструктивни бранови од лава кои придонесоа да бидат уништени над 1000 куќи за време на тронеделната континуирана активност. Само вчера биле детектирани 21 сеизмичко движења во регионот на вулканот, со јачина од околу 3,8 степени според Рихтеровата скала, и кои се почувствувале во околните села Мацо, Фуенцалиенте и Ел Пасо. Засега е неизвесно кога целосно би престанала последната повеќенеделна активност на вулканот во Ла…
Од денеска, во Германија нема бесплатни брзи тестови за Ковид-19 за оние кои можат или нема да се вакцинираат, јавија германските медиуми наведувајќи дека иако владата се надева дека голем број неопределени луѓе ќе бидат мотивирани да вакцинираат, некои лекари ја критикуваат мерката. Досега, во Германија секој граѓанин можеше да се тестира еднаш неделно бесплатно за Ковид-19 во една од многуте аптеки, ординации или импровизирани центри за тестирање. Резултатот од брз тест за антиген пристигнува во рок од 20 или 30 минути, обично преку е-пошта. Од 11 октомври, тестирањето веќе не е бесплатно, освен за деца, бремени жени и луѓе…
Стручната комисија на Светската здравствена организација (СЗО) препорача денеска „умерено и значително имунокомпромитирани“ луѓе да добијат дополнителна доза вакцина против Ковид-19, одобрени од агенцијата на ОН. Експертите на СЗО сакаа да посочат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација, за што организацијата се уште предлага мораториум до крајот на годината за ослободување на дозите за земјите со ниски стапки на вакцинација. – Препораката што сега ја даваме е за имунокомпромитираните лица да добијат дополнителна доза за да го зголемат нивниот имунолошки одговор на потребното ниво на заштита и со тоа да го спречат развојот на…
-Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт. Против бандитите кои направија пакт со политичарите од власта. Токму затоа ова е битка на народот против бандитизмот. За народот, на власта и текнува пред избори, и нивните гласови смета дека ги има во џеб исто како и гласовите на дел од Македонците, и така смета дека ги има гласовте и на сите останати, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево. „Тие мислат дека не им треба ниту програма, ниту…
Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија. Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои се исмејуваат ривали ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар. Исто така, беше откриено дека објавите за политичките противници добија повеќе од двојно лути емотикони од „лајкови“ на афирмативни објави. Резултатите се објавени во списанието Proceedings of the…
Србија, под сегашното раководство, строго ќе се придржува до воената неутралност, нема да влезе во НАТО и нема да поддржи санкции против Русија, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин. – Се додека Србија е управувана од претседателот Александар Вучиќ и додека јас сум во безбедносните структури, Србија нема да стане членка на НАТО и ние ќе водиме многу строга грижа да ја зачуваме нашата воена неутралност, рече српскиот министер. – Србија никогаш нема да поддржи санкции против Русија или антируска хистерија. Историјата покажува дека секоја русофобија е и србофобија. Досега, не се случило некој што ја напаѓа Русија,…
Александар Шаленберг денеска положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија. Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи досегашниот шеф на дипломатијата за нов канцелар. На церемонија Шаленберг се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите во државата. По него заклевта положи и новиот министер за надворешни работи Михаел Линхард кој беше амбасадор на Австрија во Франција.
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Тоа што Скопје се развива во погрешна насока и што граѓаните заслужуваат да живеат во почиста животна средина и да дишат чист воздух, и затоа што „Зелен Хуман Град“ на чиј предлог е мојата кандидатура, можат да направат пресврт во раководењето на Грдаот Скопје и на советот на Градот Скопје, е главниот мотив да влезам во трката за Скопје, вели во интервју за НоваТв…
„Жртвите што ги даде Прилеп во борбата против фашизмот, никогаш не се забораваат и тие не се залудни, тие жртви ја донесоа слободата, независноста и еднаквоста кои 80 години ги живееме и ќе ги живееме и понатаму нашата генерација, генерациите пред нас но и генерациите по нас им должат многу на партизаните, за луѓето кои се кренаа против фашистичкиот окупатор и донесоа слобода по цена и на сопствените животи“, порача денеска од Прилеп претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Ако пред 80 години патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се…